Брука за Мајкрософт: 5 год дете го хакна Хбокс и играл без пари (Видео)


Петгодишно дете кое успеало да најде пропуст во безбедноста на Xbox Live  од Мicrosoft, добило и официјална благодарност од копанијата.

kristof-620x348Кристофер Фон Хасел, од Сан Диего, пронашол начин да се логира во профилот на неговиот татко, без вистинската лозинка. Microsoft ја поправиле грешката и го ставиле Кристофер на листата на признаени истражувачи на безбедност.

Имено, момчето сфатило дека доколку внесе погрешна лозинка на страната за логирање, ќе се појави втор екран за верификација на лозинката. Тој открил дека ако едноставно го исполни барот за лозинка со „празно место“, односно со стискање на копчето “space” додека не се исполни барот, системот ќе му дозволи пристап до профилот на неговиот татко.

Компанијата исто така на Кристофер му дале 4 бесплатни игри, 50 долари и годишна претплата за Xbox Live.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1