Почнува лудилото: Старт на новата сезона на ,,Game of thrones,,


За новата, четврта сезона од „Игра на троновите“ се зборува дека ќе е уште непредвидлива и возбудлива од претходните сеозни. Оние што се навлечени со нетрпение го очекуваат почетокот.

game-of-thronesАмериканската премиера на четвртата сезона е закажана за недела, а за 24 часа ќе ја гледаме и ние. Ќе се емитува на каналот HBO

Снимањето на четвртата сезона, која има 10 епизоди, почна на 8 јули минатата година во Северна Ирска. Освен таму, се снимаше и во Хрватска, во Дубровник, Сплит.

Автор на книгата не открива каков ќе биде крајот. Кој ќе ја добие играта за престолот, дали Калиси и нејзините змејови, дали Ланистерови или некој сосема трет.

Она што е карактеристично за оваа серија е што нема ниту фиксно позитивни, ниту фиксно негативни ликови – се е испреплетено и во играта за престолот сите имаат и добри и лоши потези.

game of thrones

Авторите се непредвидливи. Нема главен лик. Во првата сезона кога сите помислија дека главен лик ќе е лидерот на кланот од северот, тој беше погубен уште во првите епизоди – сите се изненадија кога сценаристите ги убија и речиси сите од неговиот клан во само една епизода.

На серијата е навлечен и Американскиот претседател – па сценаристите пред секое емитување му ја даваат новата епизода на американскиот претседател Барак Обама за да може да ја види прв.

Голем фан е и Мадона која на својот профил на Фејсбук стави слика во костимот на Дајнерис Таргериен, кој го добила лично од глумицата Емилија Кларк.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1