Брутално претепале малолетник од Скопје за да го „поздрават” татко му


Во 18 часот и 30 минути синоќа се одвивала драма на улицата Индира Ганди во Скопје, кога малолетник бил нападнат од тројца насилници, кои сакале да упатат поздрав кон неговиот татко.Полицијата денеска информира дека се работи за 15-годишно дете кое било пресретнато од возило во кое имало три непознати лица, додека си се движело на улица, по што едното од нив излегло од истото и физички го нападнало, удирајќи го со тупаници во пределот на телото. Пред лицето да се качи во возилото му се обратило на детето дека тоа било поздрав за неговиот татко по што сите избегале.

Од нападот детето се здобило со видливи повреди. Се преземаат мерки за откривање и пронаоѓање на сторителите како и целосно расчистување на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1