ДУИ се откажа од дел од платформата, БЕСА условува целосно реализирање за влез во Владата


Платформата на албанските политички партии нема целосно да се имплементира во програмата на новата Влада. Лидерот на ДУИ вчера за прв пат по изборите јавно се откажа од дел од платформата потпишана во присуство на албанскиот премиер Еди Рама

„Декларацијата на трите албански партии од Македонија нема целосно да биде вклучена во програмата на новата влада од повеќе причини, кои се многу реални и искрени. Во програмата ќе влезат само најважните аспекти за големите реформски приоритети. За Македонија сега најважно е да просперира во ЕУ и НАТО со што поскоро членство, да остане стабилна и позитивно да влијае на регионот“, изјави синоќа Али Ахмети.

За разлика од Ахмети, за партијата БЕСА целосното спроведување на платформата е клучен услов за нивна партиципација во новата Влада. Од партијата велат дека ќе го чекаат Заев да се врати од Брисел за финално да се договорат, дали ќе бидат прифатени нивните услови за учество во Владата. Од БЕСА велат дека за нивно учество во извршната власт, потребно е Заев да се согласи со редефинирање на Македонија, целосна имплементација на платформата и во Владата да нема инкриминирани лица.

Без прифаќање на овие услови од БЕСА велат дека нема да и дадат поддршка на новата Влада.

Заев има рок до 6 јуни да ја состави новата Влада. Задно со ДУИ и партијата на Села, Заев има сигурни 62 гласа во законодавниот дом, што ќе биде доволно за избор на новата Влада која во таква ситуација би владеела со многу тенко мнозинство.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1