Бубачки, расипано, истечен рок – за сомнителна храна пријавете на овој број, може и анонимно


zaba vo hranaАгенцијата за храна и ветеринарство го стави во функција бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22 наменет за потрошувачите на кој 24 часа може да се пријавуваат неправилности од областа на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните

Ќе може да се даваат и предлози за унапредување на работата на Агенцијата.

Граѓаните имаат право на анонимни јавувања, а доколку остават податоци, име, презиме, адреса и телефонски број за контакт, ќе добијат и писмено известување.

Јавувањата на потрошувачите ќе бидат снимени.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1