ВМРО ДПМНЕ преку оглас го бара кандидатот за претседател – пријавување од денес


Сите заинтересирани што сакаат да бидат претседателски кандидат на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори на 13 април, од денеска, па с` до наредната среда, т.е. до 26 февруари ќе треба да поднесат апликација до партиското седиште. Огласот за пројавување интерес ќе биде објавен на партиската веб-страница со сите услови што треба да ги исполнува претендентот за претседателски кандидат. За тоа кого ВМРО-ДПМНЕ ќе кандидира на претседателските избори, ќе одлучуваат 1.300 делегати на конвенцијата на 1 март во Универзалната сала во Скопје,

VMROKој може да биде кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ?

– Секој што ги исполнува уставните услови за извршување на функцијата претседател на државата;

– Да е член на ВМРО-ДПМНЕ или поддржувач на политиките на партијата;

– Да се пронаоѓа себеси во ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за државните и за националните прашања;

– Да ја добие поддршката од повеќето кандидати на конвенцијата, при што мора за него да гласаат најмалку една третина од делегатите (ако двајца кандидати имаат ист број гласови, тогаш се повторува постапката с` додека не се избере кандидатот).

Kандидатите ќе може да ги образложат програмата и кандидатурата во 25 минути. Гласањето во Универзалната сала ќе го следи работно претседателство составено од 11 члена, а спроведувањето на изборот ќе биде спроведено од комитет составен од 7 члена. Секој пријавен кандидат ќе може да номинира свој претставник во овие тела.

Dnevnik

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1