Бодибилдерот Реза Резаманд од Англија за малку ќе починел од сепса откако бил каснат од бубамара.
Само еден од тројца луѓе успева да преживее сепса, а бодибилдерот имал вистинска среќа, пред се поради здравиот начин на исхрана. Откако бил каснат, неговата нога отекла и помодрела па веднаш заминал во болница.
-Диетата и мојот здрав начин на исхрана ми помогнаа да се изборам со инфекцијата. Имав навистина среќа, вели Реза.
Докторот Рон Данијелс кој е специјалист кога станува збор за сепса, вели дека ваква инфекција може да му се случи на секој, дури и на најздравите спортисти.
-Процентуално околу еден во 10 случаи на сепса се случуваат кога инфекцијата влегува преку кожа. Постои голема потреба да се зголеми свесноста во јавноста. Дури и ако ве касне некој како бубамара, сето тоа може да заврши со инфекција која е опасна по вашиот живот. Мора да се знаат симптомите, само така секоја година би се спасиле илјадници животи, вели докторот.