Бубамара касна бодибилдер, едвај се спасил од смрт!


Бодибилдерот Реза Резаманд од Англија за малку ќе починел од сепса откако бил каснат од бубамара.

Само еден од тројца луѓе успева да преживее сепса, а бодибилдерот имал вистинска среќа, пред се поради здравиот начин на исхрана. Откако бил каснат, неговата нога отекла и помодрела па веднаш заминал во болница.bodibilder-bubamara-640x432

-Диетата и мојот здрав начин на исхрана ми помогнаа да се изборам со инфекцијата. Имав навистина среќа, вели Реза.

Докторот Рон Данијелс кој е специјалист кога станува збор за сепса, вели дека ваква инфекција може да му се случи на секој, дури и на најздравите спортисти.bodibilder-bubamara-jpg1_

-Процентуално околу еден во 10 случаи на сепса се случуваат кога инфекцијата влегува преку кожа. Постои голема потреба да се зголеми свесноста во јавноста. Дури и ако ве касне некој како бубамара, сето тоа може да заврши со инфекција која е опасна по вашиот живот. Мора да се знаат симптомите, само така секоја година би се спасиле илјадници животи, вели докторот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1