Лажен полицаец ветил ослободување на затвореник – Кумановец измамен за 20.000 евра


Тетовец преставувајќи се како полициски инспектор и ветувајќи ослободување на затвореник во јули годинава измамил кумановец за 20.000 евра.

Како што соопшти МВР, лицето Н.Б. (68) од село Отља, Кумановско во полициска станица Гази Баба вчера во 13:50 часот пријавил дека во текот на месец јули годинава од страна на лицето Н.М. од Тетово му била извршена измама за сума од 20.000 евра.KUMANOVO_

Пријавителот заедно со неговата ќерка Т.Б. и нејзина другарка се сретнале во ресторан во село Сарај со пријавениот Н.М. Тој им се претставил како полициски инспектор по дрога и оружје во СВР Тетово.

Откако Т.Б му кажала дека нејзиниот брат Б.Б. е во затвор, обвинетиот им кажал дека има пријатели во затвор и во суд и дека можат да ги исклучат камерите за тие да го посетат. По неколку дена се сретнале во населба Ѓорче Петров и Н.М. наводно се јавил на адвокатот за да го праша колку пари се потребни за да го ослободат Б.Б. од затвор. Пријавителот Н.Б. за ослободување на лицето Б.Б. од затвор му дал 20.000 евра на Н.М.

Кога Н.Б. во месец септември годинава отишол на посета кај синот во затвор и го прашал дали дошол адвокатот, истиот појаснил дека досега немал посета од никого во затворот, по што Т.Б. и Н.Б. неколку пати се обиделе да го добијат телефонски Н.М., но истиот не се јавувал. Кога тој ги барал телефонски им барал уште пари, при што сфатиле дека се измамени за сума од 20.000 евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1