Бучковски почна со “лов“ на членови (Фото)


Граѓанското здружение Алијанса за позитивна Македонија  започна „лов“ на членство.

Еден од основачите на здружението, Љупчо Зиков, објави на својот фејсбук-профил дека вчера биле дистрибуирани 10.000 пристапници низ цела Македонија, пренесува Плусинфо. Според најавите, за две недели ќе биде достапен и партиската веб-страна www.pozitivnamakedonija.mk.

Во пристапниците кои биле дистрибуирани низ земјава, пишува дека здружението е отворено за сите граѓани кои имаат намера да живеат, работат и да изградат свое огниште во Македонија.

buckovski pristapnica

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1