Фото: Манекенка 4 пати ја оставаат пред олтар – и тоа истиот младоженец!


Сузан Сангстер е британски модел кој не може да се омажи. Таа пред олтар беше ставена четири пати, а во моментов планира и петта венчавка. И тоа секогаш со истиот човек.

Сузан е веќе шест години во среќна врска со 24 години постариот актер Френк Муган, а после првата година се одлучиле да го кажат судбоносното да.

suzan1Резервиран е луксузен простор, купен фустан, цвеќиња, внимателно избрано мени … и токму кога требало невестата и младоженецот да испратат покани, тогаш 61-годишниот младоженец го фатило паника и и објаснил на неговата свршеница дека им е потребно повеќе време да се запознаат.

Двојката се согласила наместо свадба да направи вереничка забава за да не пропаднат инвестираните пари, а свадбата се одложила за следната година.

Оттогаш поминале пет години, а Сузан и Френк се уште се верени и тоа не дека не се одлучиле за судбински чекор. Уште три пати после неуспешниот обид, двојката планирала свадба и секој пат сценариото се повторувало. На почеток Френк прифаќа да ја земе за жена својата избраничка, но во подготвителната фаза тој се откажува.

За разлика од него, Сузан не се откажува. Таа во 2009 година за својата одлучност добила уште еден аргумент со раѓањето на нивниот син Џејк. Но Френк останал неодлучен.

„Смислуваше различни изговори и причини за да не се венчаме. Прво, велеше дека неговата мајка е болна, или деќа ќе биде подобро да го почекаме неговиот роденден, кога дојде неговиот роденден да бидам трпелива до мојот роденден, а кога се приближуваше мојот велеше дека е добра идеја да се венчаме на роденденот на неговата мајка.

suzan

Изговорите му беа толку патетични. Тој дури ми кажа дека прво треба да положи возачки испит. Но Френк е шармантен и убедлив, роден актер, јас навистина не знам зошто нема Оскар. Сите негови оправдувања во моментот ми делуваа навистина логично и рационално“, ја раскажува приказната несреќната невеста.

Сузан се уште се бори за раката на нејзиниот сакан по четири неуспешни обиди, но овој пат се одлучила да ја промени тактиката. Тие повеќе не живеат заедно, но и понатаму се забавуваат. Сузан е цврсто решена да нема секс се додека тој конечно не го изговори судбоносното „да”.

Френк се брани со фактот дека ја сака својата вереничка и дека никогаш не бил доведен во прашање за тоа дали сака да се ожени со неа, но таа сака голема гламурозна свадба, а тој вели дека нема пари.

„И предложував многу пати да одиме во Лас Вегас и таму да склучиме брак без многу луѓе, но таа сака спектакуларна свадба. Јас сум само професор по драма, не можам тоа да си го дозволам. Сакам да се оженам со Сузан, но не разбирам зошто не можеме да почекаме уште малку“, се брани 67-годишниот Френк.

Денешен

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1