Закани по живот до штипскиот градоначалник Захариев


Со лисици на рацете, како на филм, рано утринава во осум часот од своето работно место е приведен 42 годишен вработен во штипската локална самоуправа. Советникот за управни работи во штипската општина со иницијали Ј.М. се сомничи дека со СМС пораки му се заканувал по живот на штипскиот градоначалник.

ilco-zahariev-500x272Вработениот со закани почнал на почетокот од месецов. Според полицијата, причината треба да се бара во работните задачи, што вработениот ги добивал од својот претпоставен. Но истрагата ќе открие дали тука се кријат вистинските мотиви.

СВР Штип на 42 годишниот службеник ќе му поднесе кривична пријава, а истрагата ќе покаже дали во случајот се инволвирани и други лица.

Денес градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, не сакаше да ги коментира актуелните случувања во локалната самоуправа, со образложение дека истрагата се уште е во тек.

Iris

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1