Бугари протерани од Македонија, Алфите ги фатиле како крадат


СВР Скопје поднесе кривична  пријава против М.С.Е. (50) и Д.Г.М.(43) државјани на Република Бугарија за сторено кривично дело „тешка кражба во обид“.apsenje lisici policija

-Пријавените на 30.10.2015 година откако влегле во Македонија преку граничниот премин Деве Баир, се упатиле кон Скопје. На бул. „Френклин Рузвелт“ од патничко возило „Голф 7“, се обиделе да го одземат издувниот систем (катализаторот) .  Во моментот кога го извршувале делото биле забележани од страна на полициската единица АЛФА, по што биле приведени во ПС Центар, информираат од полицијата.

Од страна на судија на претходна постапка пријавените биле протерани од државата и им бил забранет влез во РМакедонија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1