ФОТО: Скопјанец од Ново Лисиче во својот дом произведувал дрога


Кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” и „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“ е поднесена против 27-годишниот З.С.droga21

Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

По претходно добиени сознанија дека непознато лице од населбата Ново Лисиче во својот дом произведува и продава дрога, Единицата за недозволена трговија со дрога го утврдила идентитетот на лицето и на 3 ноември извршен е претрес во неговиот дом.droga123

Притоа пронајдени се 86 таблети мешавина од психотропни супстанци амфетамин и МДМА, 76,78 грама анфетамин во прашкаста форма, спакуван во една полиетиленска кеса, 21,89 грама, анфетамин во прашкаста форма, спакуван во 24 полиетиленски пакувања за улична продажба, 31,47 грама канабис сатива, спакувана во 17 зипер кесички за улична продажба, 4,67 грама семки од истото растение и едно пакување Неоситол 10% со маса од 6,78 грама, Левамизол, медикамент кој се користи во ветерината за лекување на цревни паразити кај големата стока, а во недозволеното производство на синтетички дроги служи за зголемување на масата на дрогата, рачно направени преси и цилиндри на кои има изработени логоа за втиснување и седум патрони за ловечка пушка.

Пронајдените предмети се одземени и дадени за понатамошна постапка.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1