Членовите на работната група повеќе од 4 часа разговараат за договорот од Пржино


Четири часа по почетокот на средбата на работната група за спроведување на договоренот во Пржино, единствените информации се дека сé уште се разговара за законот за влада.

На состанокот присуствуваат Никола Тодоров, Силвана Бонева, Билјана Бришковска Бошовски и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Спасовски, Фросина Ременски и Цветанка Иванова од СДСМ, Муса Џафери и Артан Груби од ДУИ и Беким Фазлиу и Имер Алиу од ДПА.zaev4345

Посредникот Питер Ванхауте пред средбата не даде изјава. Во средата, пак, рече дека каков и да е договор треба да биде поддржан од сите четири партии, а во спротивно, ќе нема договор.

Најспорните точки се законот за влада и законите за „бомбите“ и за дојавувачите. Пред денешната средба постоеше оптимизам дека може да биде постигнат договор.vanhaute

Партиски извори велат дека сé уште се разговара за законот за влада, со кој треба да се уредат ингеренциите на министрите за внатрешни работи и труд и социјална политика, кои треба да дојдат на предлог на опозициската СДСМ, како и нивните заменици на предлог на ВМРО-ДПМНЕ.

За сценаријата министрите да имаат право да прават кадровски промени, а замениците да именуваат нивни заменици, од партиите учеснички во преговорите немаат коментари.

Инаку, од СДСМ бараат нивните министри да ги имаат сите надлежности како министер, а не да бидат само технички поставени личности на функција, како што беше договорено во Пржино, став до кој се држат претставниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Владејачката партија бара министрите поставени од СДСМ да имаат право да интервенираат само доколку одредени одлуки се однесуваат на изборите, за што секако, би одлучувала Државната изборна комисија, во разумен рок. Останува правото на жалба до Управниот суд.

Замениците министри, пак, имаат право на вето одлуките на министрите.

Доколку партиите се договорат околу овие прашања, веќе следниот ден законите би требало да влезат во Собрание и да бидат гласани, со што би се тргнало од мртвата точка на преговорите, за реализација на останатите точки од Договорот од Пржино.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1