Тимот на Јанева од понеделник почнува со работа


Дванаесетте јавни обвинители кои ќе и помагаат на специјалната обвинителка Катица Јанева, дадоа свечена изјава пред Советот на јавни обвинители. Јанева изјави дека предметите ќе ги преземе од понеделник, кога и ќе почнат да работат со нејзините колеги.

Foto - MTV

Foto – MTV

Јанева и понатаму не се откажува од двајцата обвинители кои не влегоа во нејзиниот тим.

За сегашниот состав, рече дека е спој на младост и искуство и очекува да одговори на предизвикот. Во него се обвинителите: Гаврил Бубевски, Ленче Ристевска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро, сите од Основното јавното обвинителство- Скопје, како и Лиле Стефанова од Јавното обвинителство за гонење кривични дела од областа на корупцијата и организираниот криминал.

Тие им се придружуваат на седумтемина претходно избрани – Бурим Рустени, Елизабета Јосифовска, Лејла Кадриу, Љубомир Лапе, Марија Ѓорѓева, Стевчо Донев и Фатиме Фетаи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1