Бугарија: Петмина загинати во поплавите, меѓу нив и дете


Во невремето и поплавите во Бугарија загинаа пет лица, меѓу кои и едно дете, а по една триесетгодишна жена се уште се трага, соопштија локалните власти.

Спасувачките екипи ги пронашле телата на деветгодишно дете и неговиот татко, кои се удавиле во селото Илинденци, соопшти Полициската управа во Благоевград.bugarija5

Една жена загинала кога врз нејзиниот автомобил во движење паднало дрво кое го соборило силен ветер, соопшти полицијата во градот Русе.

И натаму се трага по триесетгодишна жена во градот Петрич, на југозападот на Бугарија, како и по брачен пар, чиј џип слета од патот во река во центарот на Девин.

Многу општини се во критична ситуација по обилните дождови, а во одбрана на Смољане, каде ситуацијата е најтешка, ангажирана е и војската.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1