Бугарија сака да ги ,,Бугаризира‘‘ и Македонците во Косово


Гораните во Косово станаа нов таргет на политиката на официјална Софија. Откако Бугарија со уцена успеа во последен момент да го вметне тнр ,,бугарско малцинство‘‘ во новиот закон во Албанија, сметајќи на Македонците кои живеат во Гора и Голо Брдо, следна цел е официјална Приштина, од која се бара признавање на Гораните како бугарско малцинство во Косово.

Првиот човек на државната агенција за Бугарите во странство, Петар Харалампиев, за БИРН изјави дека минатата недела имал состанок со делегација на горанската заедница во Косово која тврдела дека има бугарски идентитет и за која Софија ќе побара да биде призната како бугарско малцинство во Косово.

– Бугарија беше меѓу првите што го призна Косово како држава. Сакаме Бугарите во Косово да бидат признати како малцинство за да им помогнеме да живеат подобро, да имаат подобри можности за изучување на мајчиниот јазик и да ја сочуваат нивната култура‘‘, изјави Харалампиев, кој е член на помалиот владин коалиционен партнер, националистичката ,,Обединети патриоти‘‘.

За возврат, како и во случајот со Албанија, Харалампиев ветува дека Бугарија силно ќе го поддржи Косово и ќе му помогне во европските интеграции.

Според претседателот на здружението на Македонците муслимани, Исмаил Бојда, кој и самиот потекнува од областа Гора, не постои ниту етничка група Горани, ниту пак меѓу нив има Бугари, како што нема ниту во Албанија. Земањето бугарски пасоши е само од економски причини.

– Истото тоа се случува и во областа Гора-Косово, поради фактот дека некој ќе им овозможи да одат со тие пасоши во ЕУ да работат. На крајот на краевите, запрашајте се и во Бугарија колку млади луѓе има!? Сите отидоа во ЕУ за да работат и заработуваат како работници. Не е факт дека тоа може да докаже историски дека постојат Бугари во Гора во Албанија и во Гора во Косово. Слободно Бугарите нека речат, како кај нив што е обврска да се служи воен рок, ќе видите колку пасоши ќе се вратат и колку државјанства ќе се вратат.

Според Бојда, во Гора има само десетина семејства кои добиле бугарски пасоши, за да заминат в о странство и тоа веднаш по отворањето на амбасадата на оваа земја во Приштина пред 5 години.

Сител.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1