Бугарите снимаат докумнетарец за потонувањето на Илинден


Бугарската телевизија „Нова Тв“, по повод 5-годишнината од потонувањето на бродот „Илинден“, сними документарен филм, кој е посветен на 15-те жртви во страотната несреќа и нивните семејства. Дел од документарниот филм се работеше во Охрид.

ilinden_1

-Сакавме да направиме малку повеќе од две минути колку што одделуваат медиумите секоја година за трагичниот настан кој се случи на 5-ти септември 2009 година. Петнаесетте загубени животи не се статистика, тоа се лични трагедии и треба да извлечеме поука од оваа несреќа за да не се повтори.-вели Елена Чопакова, автор на документарниот филм.

Почит кон жртвите од најголемата бродска несреќа во историјата на Македонија, вчера во Охрид, оддадоа претставници на градот, конзулатот на Бугарија во земјава, здруженија и граѓани, а локалната самоуправа најави дека се разгледува можноста да биде подигнато соодветно спомен обележје на местото каде се случи немилиот настан.

OhridNews

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1