Словенците добија гратис струја, а Македонците чекаат евтина тарифа


Конкуренцијата го направи своето. Домаќинствата во Словенија имаат загарантирана евтина струја подолг временски период, а дел од нив добија и гратис прва сметка за електрична енергија

Благодетите од либерализацијата на пазарот на електрична енергија во балканскиот регион први ги почувствуваа словенечките домаќинствата. Тие уште од 2009 година ги познаваат правилата на игра на слободниот пазар, коишто не само што донесе конкуренција меѓу енергетските компании туку и други екстра поволности. Домаќинствата имаат загарантирана евтина струја подолг временски период, а дел од нив добија и гратис прва сметка за електрична енергија, пишува Вечер.

struja 2На словенечкиот пазар како снабдувачи се јавуваат пет фирми кои се дел од големото електродистрибутивното претпријатие и тоа: Електроенергија, Енергија плус, Електро Цеље енергија, Електро Горенскаја продажба, Е3, Петрол, ГЕН-и, и уште неколку мали снабдувачи.

И на хрватскиот пазар се случуваат слични тенденции, а понудата на струја наменета за домаќинствата, како и на помалите потрошувачи во тие земји ја нуди ГЕН-и и РВЕ. Интересно е да се спомене дека компанијата-снабдувач ХЕП за да ги зачува потрошувачите, била принудена значително да ги намали цените. Со овој бизнис во Хрватска се занимаваат уште и Руднеп, Хрватски Телеком, Корлеа и Петрол.

Во останатите земји од регионов како Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија целосно отворање на пазарот на електрична енергија ќе стартува од 1 јануари 2015 година.

Во Македонија од април годинава сите купувачи освен домаќинствата се на слободниот пазар на електрична енергија. На листата се најдоа 222 компании на кои што се приклучија уште 11 големи потрошувачи кои се на овој пазар од 2008 година.Снабдувачи се девет лиценцирани компании и трговци на електрична енергија. А од 1 јануари на либерализацијата ќе се вклучат и малите потрошувачи и домаќинствата, а тоа ќе биде последната фаза од овој комплексен систем.

Тие до 15 ноември треба да се одлучат која компанија ќе ги снабдува со електрична енергија. Околу 700 илјади домаќинства и малите фирми, како продавници, бутици и слично ќе бидат последната фаза од процесот на либерализацијата. Во моментов е вистинска трка меѓу компаниите-снабдувачи, тие нудат свои пакет-услуги, а префрлањето од еден оператор на друг граѓаните ќе може да го прават еднаш годишно.skapa struja sijalici

Оние кои навреме, односно до 15 ноември, нема да склучат договор со ниеден снабдувач ќе останат на досегашната мрежа на ЕВН, но компанијата ќе мора да им даде да потпишат нови договори.

Цената на струјата слободно ќе се формира, а македонските граѓани реално очекуваат популарна цена на електричната енергија, но и враќање на евтината дневна тарифа. Исто така се најавува дека ако квалитетот на испорачаната енергија е понизок од стандардниот, потрошувачот ќе има право од фирмата-снабдувач да бара надомест за штета настаната на неговата електрична инсталација или на апаратите.

Што се однесува за Црна Гора, отворањето на пазарот за сите купувачи освен за домаќинствата стартуваше уште во 2009 година, но и во оваа балканска држава за граѓаните можноста да бираат од кого ќе ја купуваат струјата ќе почне од 1 јануари.

Во Србија, пак, домаќинствата не очекуваат дека драстично ќе се намали цената на струјата, бидејќи според анализите сепак во моментов нашиот северен сосед има најниски цени на струјата во регионот. Иако, тие деновиве се на удар на топло-ладно околу тоа дали за оваа зима ќе имаат нова повисока цена на струјата.

Дел од регионалните експерти сметаат дека тешко е однапред да се даде одговор дали пазарот уште од 1 јануари целосно ќе се отвори или тоа ќе се реализира постепено. Формално тој треба да стартува на овој датум, но реално оценките ќе се согледаат на теренот. Тие проблемот го лоцираат кај снабдувачите коишто не се откажуваат од саканиот профит, а треба да понудат конкурентна односно евтина струја.

Српските домаќинствата коишто нема да го изберат снабдувачот од каде ќе ја купуваат електричната енергија ќе останат на постоечката државна компанија како и досега.

Вечер.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1