Родители противници на вакцината ДТП поднеле кривична пријава до обвинителството против министерството за здравство во која обвинуваат дека повеке години на бебињата им се дава нерегистрирана вакцина произведена од Бугарскиот институт и истата не е заведена во СЗО (светската здравствена организација) Тие тврдат дека нашето министерство ја набавувало со години само заради тоа што била поефтина..
Еве го во целост нивното писмо и текстот на кривичната пријава која ќе ја поднесат до Јавното Обвинителство
На ден 9.12.2014 година нашето почитувано Министерство за здравство, регистрира вакцина против ДТП која претходно со години ја дистрибуираше низ нашите здравствени домови, без при тоа да биде регистрирана. Односно нашите деца – бебиња од две, три и петмесечна возраст беа “имунизирани“ со нерегистрирана вакцина ДИФТЕТКОК (ДТП)!
Зошто после долгогодишно незаконско работење, нашите власти конечно одлучија да го легализираат својот криминал? Можеби мислеа дека ќе се спасат од Кривичната пријава која ние родителите по неколку месечно истражување и собирање на докази, ја доставивме до Основното јавно обвинителство?
Овој нивни чекор кажува повеќе од илјада зборови. Кажува дека обичните граѓани се прислушкуваат, дека адвокатите се корумпираат и дека јавните институции меѓусебно си ја перат валкананата долна облека. Исто така може да кажува дека се плашат од нас, родителите, кои престанаа да веруваат во бајките дека оваа власт се грижи за здравјето на своите најмлади. Зошто, кога би се грижеле како што се декларираат тие не би спроведувале тивок геноцид врз нашите најмили.
А еве како го прават тоа:
– Прво, со години го кршеа законот кои сами го напишаа и изгласаа(Закон за лекови и медицински помагала, Сл.Весник на РМ № 106/07), а во кој се вели дека за да биде некој лек пуштен во промет тој мора да ги помине сите фази на испитување и да биде регистриран. Вакцината Дифтеткок не беше регистрирана до пред еден месец, а беше и сеуште е задолжителна за нашите деца на возраст од 2, 3 и 5 месеци старост. Вакцината Дифтеткок веќе со години е во употреба во Македонија, но беше регистрирана на почеток на декември 2014.
– Второ, вакцината Дифтеткок не се наоѓа на листата на препорачани вакцини на Светска Здравствена Организација, што во превод значи дека не ги исполнува критериумите за квалитет. Кој сега ќе одговара за тоа што регистрирал и одобрил вакцина за употреба која не е одобрена од СЗО?
– Трето, во составот на вакцината Дифтеткок има алуминиум кој ги надминуваат дозволените количини за 35 пати или 2500%. Алуминиумот за жал го има во сите вакцини, но во ниту една не е толку високо над интернационално дозволените количини, дури ни во вакцините за возрасни. Докажано е и познато дека алуминиумот примен преку игла остава трајни последици на централниот нервен систем и коските на децата, затоа и употребата му е строго ограничена.
-Четврто, во составот на вакцината Дифтеткок има жива (тиомерсал) која одамна е исфрлена од употреба во вакцините, поради познатите невротоксични својства. За живата не постојат дозволени количества, затоа што ниту едно количество не е дозволено. Но, во вакцината Дифтеткок има жива затоа што таа мора да се додаде како конзерванс кога во едно шишенце вакцина има повеќе дози. Кој одлучил да набавува рефус вакцини? Кој штеди на штета на здравјето на нашите деца? Зошто не се набавиле поединечни дози на вакцина, во кои нема жива? Затоа што се поскапи? И зошто во ниту една друга регистрирана вакцина кај нас нема жива?
– Петто, иако некој се сетил да ја регистрира вакцината, надевајќи се дека Обвинителството ќе ја одбие кривичната пријава од родителите, тој ист заборавил дека вакцината по завршената регистрација, треба да добие своја цена одобрена од Министерството за здравство, таа цена треба да биде објавена, па дури потоа да биде набавена со соодветна тендерска постапка, за да биде ставена во употреба односно дистрибуирана по здравствените домови, во спротивно се прави финансиски криминал. Кој ќе одговара за тоа?
– Шесто, производителот на спорната вакцина не е ниту реномиран ниту светски познат производител, туку е Бугарски институт кој произведува неколку видови вакцини. Во една од нивните вакцини (против дифтерија и тетанус) во 2011 година е пронајдено метално онечистување во растворот, што говори за лош квалитет и лоша контрола на квалитетот од страна на овој производител. Од таа причина, сите вацини од овој производител се забранети за дистрибуција од страна на Светска Здравствена Организација цела една година. Ако се знае фактот дека ние во Македонија немаме своја лабораторија за контрола на вакцини, употребата на оваа вакцина претставува играње руски рулет, со метална цевката вперена во главите на нашите деца.
Во целиот овој случај има потполно отсуство на легалност во постапувањето. Од една страна штетна вакцина, од ризичен производител, набрзина регистрирана, од друга страна родители кои законски, со закана од санкции, се принудени да ги вакцинираат своите деца.
Ова се егзактни, но поразителни сознанија за тоа кому, односно во чии раце мораме по словото на законот да ја предаваме судбината на нашите деца, нивното право да растат здрави, да пораснат, да живеат! Во оваа работа, како и во многу други, почитувани граѓани ние сме оставени сами, препуштени сами на себе, затоа што ниту едните – власта – со својата неписменост, простотилак, злоба и очигледна алчност, ниту другите – опозицијата со својата недокваканост, “бомбички“, “фестивалска слободарска заслепеност“ не знаат, не умеат и конечно, не сакаат да не заштитат нас, оние заради кои што тие постојат. Нема да ги заштитат ниту нашите деца. Затоа информирајте се, истражувајте, читајте, барајте, промислувајте оти нема поголем влог од тој заради кој што сето тоа ќе го правите – здравјето и иднината на вашите деца!
Сакаме за крај да им порачаме на нашите пријатели во Министерството за здравство, во Министерството за внатрешни работи и во Владата, дека нема потреба толку внимателно да ни ги следат чекорите и да се обидуваат да не претекнат со своите постапки. Еве, со ова писмо отворено им го најавуваме нашиот следен чекор, а тоа е Кривична пријава поради долгогодишна употреба на нерегистрирана/неодобрена вакцината против туберкулоза во нашата држава. Да ве потсетиме, тоа е онаа иста вакцина која им ја ставија или ќе им ја стават на вашите деца првиот ден после нивното раѓање. И погодете кој ја произведува таа вакцина! Па се разбира, тоа е повторно истиот Бугарски производител, кој ја произведува и вакцината против ДТП. Многу сме заинтересирани да видиме, кој ќе биде побрз овој пат, дали ние родителите со својата кривична пријава, дали Министерство за здравство со својата постапка за регистрација.
До
ОСНОВНОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО
Град С К О П Ј Е
Тргнувајќи од основното право и должност на јавниот обвинител да ги гони сторителите на кривични дела за кои гонењето се презема по службена должност, ја испoлнуваме граѓанската должност со поднесување
КРИВИЧНА ПРИЈАВА
Против :
Непознат-и сторител-и, одговорни лица на Министерството за здравство при Влада на Република Македонија.
Поради ,
постење основи на сомневање за сторено казнено дело – Производ–
ство и пуштање во промет штетни средства за лекување , предвидено и казниво според чл.212 од Кривичниот Законик.
Основи
за изразеното сомневање произлегуваат од постапката што „ била “ преземена околу набавувањето на вакцината и натамошното спроведување на задолжителна вакцинација на децата против ДТП ( дифтерија, тетанус, пертусис ) во диспанзерите во кои била дистрибуирана низ републиката.
Имено, вакцинацијата на децата во Република Македонија се спроведува со вакцината – Дифтеткок од производителот BB-NCIPD ltd. од Бугарија. Вакцината е во промет без претходно да се добие Одобрение за пуштање во промет од Агенцијата за лекови, кое одобрение е Услов, според чл.11 од Законот за лекови и медицински помагала ( Сл.Весник на РМ № 106/о7) . Одобрнието ( Решение ) се издава врз основ на претходно извршена регистрација на вакцината, а таква не е направена. Се сомневаме дека регистрацијата не е извршена поради фактот што во вакцината Дифтеткок има количини на алуминиум 35 пати над дозволената граница за парентерални раствори и жива која е исфрлена од употреба во вакцините, по препорака на Светската здравствена организација бидејќи докажано предизвикува трајни невролошки оштетувања. Поради овој факт вакцината Дифтеткок не се наоѓа на Листата на Квалификувани вакцини на Светската здравствена организација.
Пуштањето во промет на овој тип вакцина, поттикнува сомнение за несогледливи штетни последици, а отсуството на легалност во постапувањето со вакцината – Дифтеткок , не го открива носителот на одговорността за таквата штета. Граѓаните се изложени на голема неизвесност, од една страна, според Програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Македонија , немаат избор ( децата на возраст од 2, 3 и 5 месеци ) мора да се вакцинираат со имунолошки лек што не е одобрен, а од друга страна, за штетата никој не се легитимира.
Обврските на одговорните лица се јасно определени во законските и Подзаконски решенија за овој проблем, како што се : Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл.Весник на РМ № 66/о4, 139/о8 и 99/о9 ) Правилникот за имунопрофилакса ( Сл Весник на РМ № 65 ) и Програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Македонија.
Дека наведената вакцина не ја поминала вообичаената постапка за набавување ваков тип вакцина е фактот што не е спроведен тендер, а тоа се потврдува со отсуството во Регистарот на лекови за регистрирани вакцини во Република Македонија, што го доставуваме во прилог на пријавата.
За пријавениот или пријавените, отсуството на тендерска процедура, може да се оправдува со добивањето на вакцината како донација. Меѓутоа, исполнувањето на условите за претходна контрола, пред вакцината да биде пуштена во промет, се обврзувачки, а не неусловени поради донаторскиот гест. Приоритет во постапувањето и исполнувањето на законските услови е ефикасната и безбедна заштита на населенито од заразни болести . Оваа цел е особено зголемена поради задолжителността на имунизацијата кај новороденчињата. Токму затоа и законодавецот ваквата цел ја поставил на повисок степен, санкционирајќи ја како казнено дело и одговорност што е во надлежност на постапување на јавниот обвинител.
За одговорните лица за набавката на вакцината Дифтеткок, Министерството за здравство, транспарентно, јасно ги определило генералните услови што се потребни да бидат исполнети : Централна набавка ( тендер), од светски реномирани производители, според Листата на СЗО ( Светска здравствена организација), регистрирани во РМ или земјите на ЕУ, да се употребувани во земјата на производителот, да поседуваат Сертификат за исправността од Агенцијата за лекови на земјата производител, Инспекциска контрола при прием Во Министерството за здравство, и Лабораториска контрола во ИЈЗ ( Институт за јавно здравје). Повеќето од овие услови не се исполнети. Одговорните, целосно, се однесувале неодговорно.
За одговорните лица обврзно е да знаеле дека при набавката на оваа вакцина морале да се запознаат, елементарно со Информацијата на Светската здравствена организација во 2012 година, дека серија од вакцина против тетанус и дифтерија од овој производител е суспендирана од употреба поради пронајдено метално онечистување во самиот раствор на вакцината, што укажува на слаб квалитет и слаба контрола на квалитетот од страна на производителот. Од друга страна пак, Република Македонија за жал, нема своја биолошка лабораторија во која би се вршела контрола на квалитетот на увезените биолошко/имунолошки лекови кои се применуваат врз населението. Поминувајќи преку ваквите сознанија, со пуштањето во промет на вакцината, се однесувале неодговорно бидејќи децата на Република Македонија, се изложени на ризикот на ниво на експеримент, а родителите мораат тоа да го прифатат под закана дека ќе бидат кривично гонети ако не ги вакцинираат сопствените деца.
Со оглед на извршените пропусти, одговорните лица во Министерството за здравство при Влада на Република Македонија, во периодот на 2013 и 2014 година, а можеби и подолго, ја ставиле во промет вакцината Дифтеткок од производителот BB-NCIPD ltd. од Бугарија, на начин што ја дистрибуирале до здравствените установи и е извршена задолжителна вакцинација на децата, иако самата вакцина не поминала преку законски предвидените контроли – за набавка, контрола на квалитетот и како таква не се наоѓа во Регистарот на одобрени вакцини, па како неодобрен лек, самиот за себе е штетен за примена.
Јавното обвинителство, за основаността на изразеното сомнение, неопходно е да ја провери кривичната пријава, со прибавување на целокупната службена документација за начинот на набавување на вакцината, откривање на лицата што ја спровеле набавката, како и одговорните лица што без одобрение ја пуштиле во промет, а по утврдувањето на овие факти, по спроведената јавнообвинителска истрага, да поднесе обвинение против одговорните лица, со предлог до судот одговорните лица да бидат огласени за виновни и казнети според законот.