ФОТО: Тетовец продава бубрег за 70 000 евра


Во претходните неколку години бевме сведоци на огласи во кои лицата ги продаваат своите бубрези, а еден таков случај пред 2 дена се појави и во Македонија, во кој стои дека тетовчанец го продава својот бубрег за фиксна цена од 70.000 евра.

 

Screenshot_4

Во огласот стои дека го продава бубрегот за цена од 70.000 евра и дека е крвна група Б позитив. Во описот пишува дека човекот е од Тетово со име Бесарт.

Сличен оглас го потресе Балканот и пред неколку години

“Јас сум здрав, без наследни болести, крвна група нулта позитив. Нудам бубрег за финансиска компензација”, напишал 33 годишниот Даниел во оглас на еден босански информативен портал. “Ако го продадам својот бубрег, тоа ќе биде инвестиција на мојата иднина. Не работам ни јас ни мојата сопруга, а имаме мало дете. Со тие пари може да имаме нормален живот”, изјави Даниел пред неколку години.

Новинарот Мирко Перишиќ од Црна Гора пак, го понудил својот бубрег на оглас во кој имаше наведено дека не бара пари, но оној кој ќе го земе неговиот бубрег, да му го отплати кредитот.

Но, дали во овој случај на лицето кое го огласи бубрегот од Тетово му се заканува казна затвор?

Во Законот за земање и пресадување на делови на човечкото тело заради лекување на Р.Македонија стои:

„Дарувањето делови од човечкото тело заради пресадување е доброволно и без надоместок.
Забрането е да се дава или прима паричен надоместок или каква било друга корист за дарување на делови од човечкото тело.
Како надоместок во смисла на ставот од овој член се смета и давањето на услуги или давањето на какви и да било погодности.

Тој што ќе нарача, набави, пренесе, превезе, складира и купи заради препродавање или продаде орган, ткиво или клетки од човечко тело за пресадување или посредува во наведените активности со цел за остварување на противправна имотна корист, ќе се казни со казна затвор најмалку четири години.

Тој што врши огласување на потребите или достапноста на делови од човечкото дело заради нивна понуда или барање паричен надоместок или друга имотна корист, ќе се казни со казна затвор најмалку три години.“

Setaliste.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1