Екстерно тестирање од понеделник- еве ги прашањата


Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар информираат дека во периодот од 26 до 30 јануари ќе се спроведе екстерната проверка на постигањата на знаењата на учениците од завршните години (трета и четврта) во средните училишта, согласно објавените распореди на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk.eksterno test

На наведената интернет страница е објавен и јавниот базен со вкупно 50.400  прашања на македонски, албански и турски јазик, коишто ќе бидат дел од тестовите за гимназиско и стручно образование за сите струки, насоки и предмети.

Во оваа фаза, со процесот на екстерната проверка на постигањата на учениците, ќе бидат опфатени вкупно 20.567 ученици од завршните години (трета и четврта година) во 98 средни училишта, како и 3.923 наставници по 2.622 предмети. Резултатите ќе бидат објавени на 2.2.2015 година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1