Бугарски функционер изработувал лажни пасоши за Македонци


Јордан Чипев, бугарски политичар од Ќустендил и лидер на разгранок на партијата Бугарска социјалдемократија, со уште тројца соработници изработувал фалсификувани бугарски пасоши за Македонци. 

pasos-makedonskiСпоред бугарските медиуми, Чипев, кој на тамошните служби им е познат по бизнисот со лажни документи, соработувал и со неколкумина Македонци. Станува збор за 6. осомничени лица во чии домови македонската полиција изврши претрес на почетокот од јануари под сомнение дека издавале лажни лекарски уверенија за добивање бугарски пасоши. 

Иако во бугарските медиуми акцијата на тамошните специјалци е опширно опишана, во нашето МВР велат дека во интерес на акцијата во двете земји за отстранување на ваквите криминални групи, засега нема да откриваат детали.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1