Бугарскиот дописник за BBC бара македонско државјанство


Грчките медиуми објавуваат дека дописникот на Бугарија за радио Би-Би-Си побарал македонско државјанство.

Разочаран од животот во Бугарија, поранешниот дописник на радио Би-Би-Си во Софија Христо Казашки избрал нестандардна форма на протест и одлучил да побара македонско државјанство, објавуваат бугарските и грчките медиуми, пренесува Прес24.

pasos-makedonski– Изгубив верба дека во блиска иднина Бугарија ја очекуваат добри работи. Нацијата се топи како снег на топло време и младите земаат билет во еден правец за надвор од земјата, изјавил Казашки.

Според него, Турција не му одговара затоа што е христијанин, Грција и Романија не му се допаѓаат, а најблиска му е Македонија.

– Минатата година бев во Охрид, Скопје и Битола, и таму ми се допаѓа. Минималната пензија кај нас е 150 лева, а во Македонија 140 евра. Горивото А95 тука е околу 270 лева а таму 220. Тие не претекнаа во секој поглед, рекол новинарот за бугарските медиуми.

Според некои медиуми, Казашки му пишал на македонскиот премиер со цел да се реши прашањето за неговото државјнаство.  Тој наводно добил ветување дека за две седмици ќе стане Македонец.

Press24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1