Сообраќајот на булеварот Илинден на потегот од крстосниците со булеварите Гоце Делчев и Св. Климент Охридски од 22 часот вечерва до 2 часот во сабота ќе биде во прекин во двата правци, соопшти МВР.
Сообраќајот пред Владата ќе биде во прекин поради предизботрен митинг, а ќе се одвива десно по булеварот Св. Климент Охридски и по булеварот Гоце Делчев и лево по булеварот ВМРО.