Каков инсулин користат дијабетичарите во Македонија? Сомнежи за квалитетот и безбедноста


Агенцијата за лекови јавно да каже дали инсулинот во Македонија е безбеден или од асоцијацијата за детски дијабетќе бараат морална и кривична одговорност. Се сомневаат во квалитетот на терапијата од која зависни се 40.000 лица во Македонија

Да се провери каков инсулин користат дијабетичарите во Македонија, од каде се набавува, како се чува, транспортира и кој го испитува, бараат од Асоцијацијата за детски дијабет Баланс МК. Во писмена реакција до медиумите истакнуваат дека се сомневаат во квалитетот на терарапијата од која зависни се 40.000 граѓани во државата, меѓу кои 450 деца. Јавно ја прашуваат Агенцијата за лекови дали може да ја гарарантира безбедноста на инсулинот кој се дистрибутира во земјава, имајќи во предвид како што тврдат од Асоцијата дека во Македонија нема лабораторија за анализа на активна супстанца, односно што содржи овој биолошки лек.

Асоцијацијата за детски дијабет бараат МАЛМЕД јавно да соопшти што откриле инспекторите во вонредните контроли на инсулините.

– Секое одлоговлекување, релативизирање и слични видови на “аргументација“ за нас ќе бидат повеќе од јасен одговор, после кој ќе бараме прецизна морална и кривична одговорност. Оти овде во овој сегмент навистина за животот се работи! пишуваат од Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија – Баланс МК.

Од оваа асоцијација посочуваат дека токму вонредните инспекциски контроли довеле половина месец да нема инсулин во аптеките.

Sitel.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1