Силното невреме кое вчера го погоди американскиот среден запад, и за чие време неколку торнада пустошеа низ Канзас, Оклахома и Ајова, фотографиите од зафатените подрачја го обиколија светот.
Некои места се буквално срамнети со земја. Целиот град е срушен. А чудевиштето однесе и едно училиште во кое имало дечиња. Според CNN потврдено е дека најмалку 20 деца се меѓу загинатите 90 лицa, но ова не е се уште конечната бројка за жал. Досега 145 лица биле хоспитализирани.