Лифтот откажа, студентите во „Гоце Делчев“ пешки до 14 кат


goceee

Студентите во домот „Гоце Делчев“ што се сместени во блокот Г, веќе неколку дена пешки се качуваат и се симнуваат 14 ката, колку што има згадата, поради тоа што не работи лифтот, пишува Плус инфо .

Во висококатниците има само еден лифт, но и тој откажал пред приближно 4-5 дена, па студентите мака мачат за основните дневни потреби, како излегување до продавница, посетување настава итн.

Освен блокот Г, проблематичен е лифтот и во блокот А, кој вчера се заглавувал, па денеска, според изјави од студентите, не работи. Пред речиси две години, во летниот период кога немаше студенти, во блокот Б, лифтот се откачи и падна.

Плус Инфо

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1