Министерства во Тетово не плаќале струја – им ја исклучија


Триесетина канцеларии на подрачните единици на неколку министерства, кои се наоѓаат во зградата на општина Тетово веќе два дена се без струја.

tetovo opstinaНадлежните служби на ЕВН во четвртокот попладнето ја исклучиле струјата поради неплатени сметки. ЕВН прави напори проблемот да се надмине и кога ќе биде платен заостанатиот долг, електричната енергија ќе биде веднаш пуштена – ни изјави Атанас Ковачески портпарол на ЕВН, пишува Дневник

Од УЈП, која има најголем број канцеларии во општинската зграда, велат дека не се надлежни да го коментираат случајот и за информации упатуваат на Министерството за финансии. Сличен е одговорот и од другите подрачни единици кои се сместени во општинската зграда.

Повеќе на – Дневник 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1