Бутан – единствена земја во светот со Министерство за среќа


Во малата држава Бутан среќата е толку важна работа за населението што правото на неа е истакнато дури и во Уставот, за неа постои Министерство за среќа, а граѓаните на пописот задолжително се прашуваат дали се среќни.

Во пописот спроведен во 2015 година, дури 35 отсто жители на Бутан одговориле дека се „многу среќни“, 47,9 проценти од луѓето се чувствуваат „умерено среќни““, а само 8,8 отсто од испитаниците се изјасниле како несреќни.butan srekja

Затоа не треба да ве чуди што ова прашање се поставува и на пописот: среќата е еден од главните приоритети на националната политика во Бутан, поради што е основано и Министерство за среќа, а како индикатор на благосостојбата во земјата се користи бруто националната среќа, концепт настанат во 1972 година што е своевидна противтежа на бруто домашниот производ.

-Треба да им помогнеме на своите деца да сфатат дека тоа што во животот го сакаат… е среќата. Не можеме да ја спречиме телевизијата, не можеме да го спречиме тоа што се изложени на реклами… но можеме да им дадеме силна доза поинаков вид искушение – искушение да бидат добри, изјави Лиончоен Јигме Ј. Тинли, првиот премиер на Бутан.

Властите во Бутан сметаат дека еден од начините да се обезбеди среќа за населението, покрај единствениот систем на вредности, е нудење на природата за граѓаните. „Хафингтон Пост“ пренесува дека зеленилото и здравиот екосистем се нераскинливо врзани за човековото здравје, па се витален дел од бруто националната среќа во оваа земја.

Од овие причини шумите во Бутан не се сечат, а граѓаните се трудат да засадат што повеќе стебла, а централниот и јужниот дел од земјата се многу богати со флора и фауна. Кога сме веќе кај фауната, ловот на речиси сите животински видови во Бутан е забранет, во согласност со будистичката филозофија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1