Нови кривични пријави од граѓани: Обвинители на Јанева им вршеле тортура


Обвинителите од тимот на Катица Јанева продолжуваат да тортурираат граѓани, објавува Денешен. Граѓаните кои се повикувани од СЈО се повеќе се охрабруваат да пријавуваат дека се жртви на вербално малтретирање.

Foto - MTV

Foto – MTV

Поднесени се и нови кривични пријави за малтретирање во вршење на служба по член 143 од Кривичниот законик против лица од тимот на Јанева.

Станува збор за лица главно од Свети Николе кои биле повикувани на разговори и кои се жалат дека од соработниците на Јанева биле уценувани, понижувани и заплашувани. Ги терале под присила да дадат и потпишат изјави кои се невистинити и зад кои не стојат, објави порталот.

Ваквите незаконски дејствија, резултираа со неколку кривични пријави. Првата по службена должност против вработен во МВР заради „незаконско влијание врз сведоци“, поднесена против вработен во МВР кој имал чести контакти со тимот на Катица Јанева и Оливер Спасовски.

Обвинителка од тимот на Катица Јанева заплашувала судија и вршела притисок тој да соработува со Специјалното јавно обвинителство. Судијата за случајот веднаш го известил Судскиот Совет. Во случајот за ваква претставка надлежно е Јавното обвинителство.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1