21/04/2020 14:57
•
Posted by: MK News
Пациентка на возраст од 40 години рано изутринава почина на Универзитетската клиника во Косово. Жената со иницијали В.П. живеела во Ѓаковица и била бремена. На интензивна нега се лекувала од 15 април. Со ова бројот на смртни случаи во Косово достигна 16 лица.
______________________________________________________________________________________________________
09/04/2020 13:06
•
Posted by: MK News
Данило Вучиќ, синот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ е примен на Инфективна клиника поради коронавирус. Дека Данило е болен, соопшти лично српскиот претседател преку Инстаграм. Тој истакна дека предавањето не е опција и порача: „Сине, ќе го победиш ти тоа!“
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2020 15:38
•
Posted by: MK News
Српското Министерството за здравство и институтот за јавно здравје „Милан Јовановиќ Батут“ проследија до локалните самоуправи инструкции, со кои се наложува дека сите заразени лица со коронавирус мора да се да се лекуваат во ковид болниците или во импровизираните болници (карантитни) во Белград, Ниш и Нови Сад, како и дека повеќе нема да има лекување […]
______________________________________________________________________________________________________
22/03/2020 14:05
•
Posted by: MK News
По 59 годишниот маж од Кикинда, во Србија денеска е забележан втор смртен случај на заболен пациент од коронавирус. Како што изјави министерот за здравство, Златибор Лончар, станува збор за жена на возраст од 92 години, која била на респиратори. утринава се забележани нови 17 случаи, или вкупниот број на потврдени случаи на заразени изнесува […]
______________________________________________________________________________________________________
22/03/2020 14:03
•
Posted by: MK News
Се евакуира оштетената болницата за гинекологија и акушерство во Загреб Од денешниот земјотрес, со јачина од 5,3 степени по Рихтеровата скала, објектот потресе големи оштетувања, по што мајките мораа бебињата на раце да ги изнесуваат од болницата која се наоѓа на улицата Петрова, каде што има и други оштетени објекти. Директорот на болницата кажа дека […]
______________________________________________________________________________________________________
22/03/2020 13:58
•
Posted by: MK News
Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди утрово Загреб во 6,23 часот, проследен со уште еден потрес со јачина од пет степени, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот е лоциран на седум километри северно од Загреб, на длабочина од десет километри. Вторичниот земјотрес се случи во 7,01 часот и неговата јачина, според првичните […]
______________________________________________________________________________________________________
22/03/2020 10:49
•
Posted by: MK News
Аднан Ибраковиќ, кој живее во Грац, Австрија, за Алџезира Балканс раскажува како сам во домашна самоизолација се изборил со коронавирусот.
______________________________________________________________________________________________________
20/03/2020 18:57
•
Posted by: MK News
Пред неколку часа почина првиот маж од коронавирус во Кикинда, Србија, кој имал 59 години, соопштено е на конференција во српската влада. Тоа го соопштила премиерката Брнабиќ и рекла и дека синот на мажот кој починал е во тешка состојба. – Коронавирусот секако не е единствената болест со која се борел овој човек. Строго да […]
______________________________________________________________________________________________________
19/03/2020 23:04
•
Posted by: MK News
Словенечката Влада на вонредна седница вечерва донесе одлука времено целосно да го забрани движењето на граѓаните и собирањето на јавните места. Одлуката почнува да важи од полноќ, а има за цел да се спречи неконтролираното ширење на коронавирусот. Граѓаните сепак ќе можат да излегуваат доколку одат на работа, лекар, аптека или по набавка на храна. […]
______________________________________________________________________________________________________
17/03/2020 21:07
•
Posted by: MK News
Србија со брашно ќе ја помогне Северна Македонија, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на вечерашната прес конференција на која најави полициски час во Србија поради се полошата состојба со коронавирусот. Вучиќ се пофали дека ретко која држава во ЕУ е подготвена како Србија во однос на резервите и снабденоста со храна во овие кризни периоди. […]
______________________________________________________________________________________________________
17/03/2020 21:04
•
Posted by: MK News
Донесовме нови поостри одлуки кои се непопуларни. Се забранува утре од 10 часот излегување на лица постари од 65 години. Ќе ја организираме локалната самоупрва секаде каде што ќе биде можно, ќе се обидеме да дојдеме до сите домови преку млади од 25-26 години – најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ во своето вечерашно обраќање […]
______________________________________________________________________________________________________
17/03/2020 20:53
•
Posted by: MK News
Бугарскиот зимски центар Банско е под карантин и блокада, јави Бгнес. Тоа се случува по одлуката на Оперативниот штаб за борба со новиот коронавирус. На вонредниот брифинг во Советот на министри, генерал-мајор Венцислав Мутафчиски објави дека вкупниот број на заразени достигнал 81 лице. Три од нив се од градот Банско. Тие се луѓе кои се […]
______________________________________________________________________________________________________
17/03/2020 20:45
•
Posted by: MK News
Српскиот претседател рече дека од утре од 20 часот до 5 наутро има забрана за движење на сите лица и дека никој не мож еда биде на улица, освен надлежните органи и оние кои работат во трета смена. По седницата на српската Влада, претседателот на државата, Александар Вучиќ ги најави новите мерки против коронавирусот меѓу […]
______________________________________________________________________________________________________
15/03/2020 10:00
•
Posted by: MK News
Владата на Хрватска денес одржа телефонска седница на која донесе Одлука за вонредни мерки за контрола на цените на одредени производи. Како што велат од хрватската влада, „оваа одлука се донесува за пречување на негативните влијанија на промени на одредени цени на производи и за спречување на монополистичко одредување на цените на производите, а во […]
______________________________________________________________________________________________________
10/03/2020 09:30
•
Posted by: MK News
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека поради епидемијата на коронавирус привремено ќе им забрани на луѓето од ранливите области да влезат во Србија. Ние ќе преземеме мерки и ќе забраниме влез на луѓе од одредени земји или загрозени области, од северна Италија, делови од Швајцарија, Јужна Кореја и одредени провинции на Кина, како и од […]
______________________________________________________________________________________________________
06/03/2020 19:58
•
Posted by: MK News
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, нареди Армијата, полицијата и Агенцијата за безбедност и информации на Србија херметички да ја затворат границата кон Македонија доколку дојде до наплив на мигранти кои со денови од турската страна се обидуваат да влезат во Грција, пишува српски „Блиц“ повикувајќи се на потрвда од српскиот врв. Вучиќ превентивно се определил […]
______________________________________________________________________________________________________
26/02/2020 13:20
•
Posted by: MK News
Во Италија прв кој се зарази од коронавирусот е мажот на кој му е познато само името, станува збор за 38-годишниот Матија, кој поради респираторните проблеми бил хоспитализиран на одделението на интензивна нега во Кодоња, а во моментов се наоѓа во болницата Сан Матео, 35 килоемтри јужно од Милано. Тоа го соопштил портпаролот на италијанската […]
______________________________________________________________________________________________________
26/02/2020 13:11
•
Posted by: MK News
Прв случај на новиот коронавирус е потврден денеска во соседна Грција, соопшти грчкото Министерство за здравство. Станува збор за 38-годишна државјанка на Грција која допатувала од Италија, изјави претставникот на грчкото министерство, Сотирис Циодрас, пренесе „Ројтерс“. Грчката агенција „АНА“ навде дека случајот е потврден во Солун.
______________________________________________________________________________________________________