29/06/2015 13:50
•
Posted by: MK News
Од утре ќе се разговара по пониски цени во роаминг во мобилната телефонија помеѓу Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, согласно потпишаната Спогодба меѓу државите во септември лани. Според договорот, за минута појдовен повик ќе се наплаќа по 17,9 денари, а за дојдовен по пет денари. СМС-порака ќе се испраќа за 5,5 денари, а мегабајт […]
______________________________________________________________________________________________________
29/06/2015 12:35
•
Posted by: MK News
Во екот на грчката финансиска криза кога државата е пред банкрот, лепењето наеници врз македонските автомобили не застанува. Сепак, ако порано тоа се правеше на скапа самолеплива пластифицирна хартија, денеска ситуацијата е сменета. На социјалните мрежи се врти оваа фотографија. Press24
______________________________________________________________________________________________________
29/06/2015 12:14
•
Posted by: MK News
Во моментов заради економската криза во Грција, стан во Солун може да се најде и за 10 000 евра! Во центарот на градот становите кои се во одлична состојба, нови градби, се продаваат до 600 евра за квадрат, додека оние кои се не се во центарот на градот можат да се купат за 200 од […]
______________________________________________________________________________________________________
29/06/2015 10:43
•
Posted by: MK News
Граѓаните кои ова лето ќе одат на море во Грција, треба во паричникот да имаат доволно готовина во евра за целиот период на летување. Грците знаат да „ве казнат“ за плаќање со картичка, бидејќи така ги терате да платат данок. Поради страв од можен банкрот на државата, грчките штедачи за само два дена повлекоа две […]
______________________________________________________________________________________________________
29/06/2015 10:02
•
Posted by: MK News
Откако Грците во саботата на неговото ненадејно распишување на референдумот за прифаќање или одбивање на предлозите на грчките доверители реагираа со повлекување на готовината од банките, грчкиот премиер Алексис Ципрас во неделата навечер објави дека банките и берзата во понеделник нема да бидат отворени и за тоа ги обвини партнерите во Европската унија и Европската […]
______________________________________________________________________________________________________
29/06/2015 09:32
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи на Италија наложи да се зајакнат безбедносните мерки на три пристаништа на Јадранско Море, посочени како веројатни места од од каде што терористите од Балканот би влегле во Европа. Зајакнати се мерките за Анкона, Бари и Бриндизи, соопштува БТА, повикувајќи се на експерти, кои побарале да останат анонимни. Максимален степен на […]
______________________________________________________________________________________________________
28/06/2015 18:43
•
Posted by: MK News
Деветгодишниот син на Србинката Маја Ш. бил сведок на крвавиот напад на плажата во Тунис. Во моментот кога почнале истрелите, малиот Вукашин пливал во морето. Во Тунис бил на одмор со своите баба и дедо, а доцна синоќа пристигнаа на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград. Дедото Недељко Ковачев за „Блиц“ раскажал дека семејството било сведок […]
______________________________________________________________________________________________________
28/06/2015 16:33
•
Posted by: MK News
Камион со 106 илегални мигранти, меѓу кои биле и жени и деца пронајде унгарската полиција во пограничното место Морахал, во близина на српско-унгарската граница. Очевидци од Морахал ги слушнале гласовите од камионот во кој мигрантите веќе почнале да се гушат. -Беше страшно. Очајнички удираа и бараа помош. Миграните успеале да ја скршат вратата од камионот, […]
______________________________________________________________________________________________________
28/06/2015 11:02
•
Posted by: MK News
Дежурните полицајци во Ниш, кои до скоро носеле пиштоли во футролите, сега носат автоматски пушки АК-47. Тоа збунило дел од граѓаните, а од полицијата објасниле дека во цела Србија се засилени мерките за безбедност „поради случувањата во Куманово“ и дека нема причини за страв. „На повеќе места во градот гледам полицајци со пушки на грбот. […]
______________________________________________________________________________________________________
28/06/2015 10:41
•
Posted by: MK News
„Хамбургерот“ oд 250 денари, поточно плескавицата во две парчиња леб, кој пред неколку дена беше послужен во хрватскиот Национален парк Плитвички езера, е хит низ целиот регион. Oваа понуда на менито, покрај на сите интернет медиуми на Балканот, стигна и до вестите на „Си-Ен-Ен“, а реакција имаше и директорот на Националниот парк, кој вети санкции за […]
______________________________________________________________________________________________________
27/06/2015 20:02
•
Posted by: MK News
Речиси нема свадба од регионов која поминала без трубачи, но таа традиција очигледно не му се допаѓа на попот од ова видео кој тоа јасно го покажа. Интересното видео на Јутјуб го објавил корисникот Влада Крстиќ. На снимката може да се види како попот излегува од црква и ги брка свирачите и тоа така што […]
______________________________________________________________________________________________________
27/06/2015 15:01
•
Posted by: MK News
Доцент од Ниш е уапсен од страна на српската полиција, откако барал 200 евра од Македонка за да и ја признае дипломата од медицинскиот факултет од Варна, Бугарија, пишува српскиот медиум Alo.rs. Доцентот бил член на комисијата за нострификација на дипломите на Медицинскиот факултет во Ниш. Македонката не ја имала целосно потребната документација, па откако […]
______________________________________________________________________________________________________
27/06/2015 12:13
•
Posted by: MK News
Познатиот пејач од Србија Игор Лазиќ Нигор, го избегна терористичкиот напад во Тунис. Да нападнеа терористите некој ден порано, најверојатно и тој би настрадал, пишува српски „Ало“. -Бев во Тунис со пријателите, седев таму четири дена. Не се чувствуваше никаква тензија. Луѓето ме обожуваат. Ме викаа Рамбо, раскажува пејачот. Пејачот бил гостин токму на местото каде […]
______________________________________________________________________________________________________
27/06/2015 10:47
•
Posted by: MK News
По најавата на грчкиот премиер Алексис Ципрас дека на 5 јули ќе одржи референдум за народот сам да одлучи дали сака да остане во еврозоната или да си ја врати драхмата, Грците цела ноќ пред банкоматите во редици чекаа да извадат пари Ципрас го објави ненадејниот референдум како последен обид да ги натера кредиторите на […]
______________________________________________________________________________________________________
27/06/2015 10:31
•
Posted by: MK News
Косовскиот парламент го одбија, и покрај притисоците, предлогот на Западот да основаат специјален суд за процеси против поранешните припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК – УЧК), етнички Албанци, кои се обвинети за воени злосторства, меѓу другото и за трговија со органи од жртвите во текот на војната 1998/1999 година против властите во тогашната српска […]
______________________________________________________________________________________________________
27/06/2015 10:16
•
Posted by: MK News
Грчкиот премиер Алексис Ципрас го одреди 5-ти јули како датум на кој ќе се одржи референдум на кој ќе биде поставено прашањето да се прифати или не предлогот на грчките доверители за дополнително петмесечно финансирање на земјата во замена за реформите кои треба да доведат до нови буџетски заштеди. По пет месеци преговори, во текот […]
______________________________________________________________________________________________________
26/06/2015 13:48
•
Posted by: MK News
Црна Гора го отфрли договорот за роаминг, откако Управниот суд на Црна Гора ја прифати тужбата на црногорскиот Телеком и Теленор, со која беше побарано укинување на спогодбата за намалување на цените на роамингот во мобилната телефонија. Станува збор за спогодбата, која требаше од 30 јуни на граѓаните на Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија […]
______________________________________________________________________________________________________
26/06/2015 12:31
•
Posted by: MK News
Се формира нова држава на Балканот, која опфаќа делови од Србија и Црна Гора! Зад оваа петиција стои група од бошњачки невладини организации, а според нивната идеја овој регион ги опфаќа градовите Нови Пазар, Тутин, Нова Варош, Прибој, Пријепоље, Сјеница, Рожаје, Пљевља, Бјело Поље, Беране и Плав. Политичкиот аналитичар Бранко Радун за “Наше новине” изјавил […]
______________________________________________________________________________________________________