Archive | Балкан RSS feed for this section

Мицотакис не му даде поддршка на Ципрас за прашањето за името

Претседателот на најголемата грчка политичка партија Нова демократија, по средбата со грчкиот премиер, ја отфрли можноста да и даде поддршка на Владата за формирање на поширок национален консензус за прашањето со името. Кирјакос Мицотакис по средбата со Алексис Ципрас, јавува дописникот на МИА од Атина, упати критики за начинот на кој грчката Влада управува со […]

______________________________________________________________________________________________________

Ципрас денеска ќе ги убедува лидерите во Грција дека името мора да се реши

На одделни средби, со претседателите на сите политички партии со исклучок на Златна зора, грчкиот премиер Алексис Ципрас во текот на денот ќе разговара за прашањето со името, по средбата со македонскиот премиер, а во пресрет на посетата на Метју Нимиц. Алексис Ципрас, според грчките новинари, телефонски разговарал со лидерите на партиите и сите позитивно […]

______________________________________________________________________________________________________

Здружението на свештеници на Грција ќе учествува на протестот во Атина

Здружението на свештеници на Грција, по одржан состанок, одлучи да учествуваат на протестот во Атина за bdquo;одбрана на името Македонијаldquo;, кусо пред вонредниот состанок на Светиот Синод на ГПЦ. Во исто време поглаварот на грчката православна црква, архиепископот Јеронимос, уште еднаш ја повтори позицијата дека ГПЦ е против терминот Македонија во името, и се запраша, […]

______________________________________________________________________________________________________

Убиена мајката на познат фудбалер на Звезда: Внукот ја заклал за 20.000 динари

Ужасно злосторство ја потресе Србија, кога Мира Шарац (64) е брутално убиена во својата куќа во Рима во четвртокот наутро. Според првичните информации, за ова злосторство е осомничен нејзиниот внук, кога полицијата го затекнала зад компјутер во блиската играчница и тој веднаш е приведен. Срѓан во претпладневните часови се скарал со таткото и отишол кај […]

______________________________________________________________________________________________________

Вучиќ: Ако треба да го признаеме Косово за влез во ЕУ, фала многу и довидување

Ако некој мисли дека идејата на процесот на нормализација на односите на Белград и Приштина е тоа Србија да го признае Косово, тогаш благодариме и довидување, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ кој денеска разговараше во Давос со претседателот на Косово, Хашим Тачи. По средбата тој кажа дека ситуацијата во која Белград и Приштина се договораат […]

______________________________________________________________________________________________________

Независни Грци: Терминот „Македонија“ е грчки па дури и да се каже на кинески

Од Независни Грци, партијата коалициски партнер во грчката влада, уште еднаш повторуваат дека нема да прифатат име во кое би бил вклучен „грчкиот термин Македонија“, па дури, како што вели портпаролката на партијата, и да е на кинески јазик. – Терминот „Македонија“ е грчки на кој било јазик и да се каже. Па дури и […]

______________________________________________________________________________________________________

Метеоролозите со прогноза: Во февруари пролетно време, а од март нови изненадувања

Времето во Србија до крајот на февруари ќе наликува на пролет, но според најавите на метеорологот кој го консултирале, српски Информер пишува дека на почетокот на март се враќа зимата! Како што беше најавено од страна на РХМЗ на Србија до крајот на овој месец, просечната температура нема да се спушти под 7 степени, а […]

______________________________________________________________________________________________________

Синодот на ГПЦ свика вонреден состанок за „Македонија“

Синодот на Грчката православна црква во петок ќе одржи вонреден состанок, на кој според грчките медиуми ќе стане збор за спорот со името и демонстрациите, а според официјалното соопштение од грчката православна црква, ќе се разгледаат тековни службени прашања. Извори од Архиепископијата за грчкиот информативен портал in.gr, јавува дописникот на МИА од Атина, рекле дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Бутарис: Сфаќањето дека Македонија е само грчка е мошне лошо

Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис смета дека сфаќањето дека Македонија е само грчка и ништо повеќе од тоа е мошне лошо. Тој за грчката агенција АНА-МПА, како што пренесува МИА, посочи дека кога се пристапува кон решавање на одреден проблем, потребно е да се земат предвид сите вклучени страни во спорот. – Кога ќе одиш да […]

______________________________________________________________________________________________________

Пред споменикот на Александар Македонски грчката војска порача „ Македонија е грчка“

Огромна поддршка од „врвот“ на државата добија масовните протести кои се одржаа во Солун против употреба на терминот Македонија во името на нашата држава . Освен тоа што излегоа да протестираат илјадници граѓани под мотото „ Постои само една Македонија а тоа е грчка“, огромна поддршка дадоа грчките здруженија, политички партии, спортски и христијански здруженија, […]

______________________________________________________________________________________________________

Килограм пчелин отров на светскиот пазар се продава за 100.000 долари

Српските пчелари собираат пчелин отров што на светските пазари достигнува цена од 70.000 до 100.000 долари, пишува Блиц. Пчларите меѓутоа се жалат дека Србија нема законска регулатива која се однесува на ова прашање па се принудени да извозот да го реализираат преку Босна и Херцеговина. Овој пчелин производ најчесто го откупуваат фармацевтски и козметички компании […]

______________________________________________________________________________________________________

Чудо на Света Гора: Икона на Свети Никола лежела на дното на морето 500 години

Ставроникита, најмалиот манастир на Света Гора, привлекува внимание со својата необична положба, на карпа над морето, на источниот брег. Го подогнал пред 10 векови монахот Никита кој режел крстови по што манастирот го добил името Никита од Крстот или Ставроникита. Зданието преживеа бурни векови, одбележени со пустошење и пожари. Сепак сериозно е одновен кон средината […]

______________________________________________________________________________________________________

„Решение е една граница со Србија”, грчки весник со карта за поделба на Македонија на насловна страна

„Решение е една граница со Србија”, грчкиот весник “Елефтери ОРА”, во неделното издание од 21 јануари на насловната страница објавува мапа за поделба на Македонија меѓу Албанија, Грција, Србија и Бугарија. Инаку овој грчки весник важи за близок близок до Грчката православна црква и десничарските екстремистички партии, објави карта за поделба на Македонија меѓу Албанија, […]

______________________________________________________________________________________________________

Ципрас исцрта црвена линија – севкупна употреба значи и име внесено во уставот

Спорот меѓу Македонија и Грција не може да се реши без Македонија да го смени Уставот. Грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за Етнос вели дека за Грција, решение на спорот значи само ако се договори сложено име кое ќе биде за севкупна употреба – Решавањето значи заемно прифатливо сложено име за севкупна употреба. А […]

______________________________________________________________________________________________________

„Катимерини“: Атина е за Вардарска Македонија, а Скопје за Нова Македонија

Според добро информирани извори, јасно е дека за време на минатонеделните средби на грчкиот премиер Алексис Ципрас со шефот на грчката дипломатија Никос Коциас и архиепископот Јеронимос, Грција е повеќе за името Република Вардарска Македонија (Republic of Vardarska Macedonia) како дел од договорот во спорот за името, пишува грчкиот весник „Катимерини“. Од друга страна пак […]

______________________________________________________________________________________________________

Бутарис: Никој не ни го краде идентитетот, Грците не се информирани

Градоначалникот на Солун, Јаснис Бутарис изјави дека Грците се слабо информирани и не разбираат дека Скопје нема да им го украде идентитетот ако името на земјата го содржи зборот Македонија. Тој категорично се огради од протестот во градот, против правото на Република Македонија да го користи терминот „Македонија“ во своето име. Митингот беше организиран од […]

______________________________________________________________________________________________________

Протести во Солун: Не прифаќаат име кое ќе го содржи терминот „Македонија“

Со паролата „Македонија значи Грција“, неколку грчки здруженија и организации на грчката дијаспора, почнаа протестен митинг во Солун. Изминативе неколку дена, низ цела Грција се делат летоци и се повикуваат граѓаните да дојдат на денешниот протест. Организаторите не прифаќаат било какво име за нашата држава кое ќе го содржи терминот Македонија и бараат организирање на […]

______________________________________________________________________________________________________

Хрватски специјалци спасуваат Кинези присилени на работа во Загреб (ВИДЕО)

Благодарение на заедничка акција на словенечките и хрватските безбедносни сили, прекинат е меѓународен ланец на организирана криминална група што се занимавала со трговија на луѓе. Хрватското МВР соопшти дека неговите полициски службеници во координација со словенечките, спровеле истрага за експлоатација на голем број луѓе. Групата присилувала Кинези да работат во кол-центри, на тој начин учествувајќи […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1