Archive | Балкан RSS feed for this section

Вучиќ го посети место каде беше убиен Оливер Ивановиќ

Претседателот на Србија, Александар Вукиќ положи венец со цвеќе на местото на убиството на водачот на косовските Срби, Оливер Ивановиќ, за време на неговата посета на Косово. Ивановиќ беше застрелан на почетокот од неделата, кога го напушти седиштето на неговото граѓанско движење „Слобода, демократија, правда“ во Косовска Митровица. Кратко по неговиот атентат, српскиот претседател објави […]

______________________________________________________________________________________________________

Лазански излезе со контроверзно тврдење околу убиството на Ивановиќ

Мора да се започне истрага, пресуден придонес во истрагата ќе бидат Американските истражители. Американската разузнавачка агенција ЦИА сигурно знае кој го уби лидерот на СДП Оливер Ивановиќ, изјавил воениот аналитичар Мирослав Лазански. -Доколку убијците на Ивановиќ не се откријат, тоа ќе значи само едно – дека тие убијци се под заштита на САД, рекол Лазански. […]

______________________________________________________________________________________________________

Воскополус даде пет предлози за името на грчкиот регион Македонија

Еден од водачите на „Виножито“ – партијата на Македонците во Грција, Павле Воскополус Филипов на својот Фејсбук профил напиша дека наместо Република Македонија да го промени името, тоа треба да го направи Грција за својот регион Македонија. Воскополус даде пет предлози за името на грчкиот регион Македонија: 1. Грчки географски регион 2. Географска грчка Македонија […]

______________________________________________________________________________________________________

Вучиќ на Косово: Имам три пораки за Србите во регионот

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на посетата во северно Косово изјави дека носи три пораки за локалното српско население . „Србите треба да опстанат и останат во своите домови, а српската држава им помагала и ќе продолжи да им помага и во иднина“, изјави шефот на државата и додаде дека е дојден за да […]

______________________________________________________________________________________________________

Хардинај ја навреди Могерини, таа си заминала од состанокот!

Шефицата на европската дипломатија Фередика Могерини денеска го напуштила состанокот на Советот за придружување и стабилизација, навредена поради инисистирањето на косовссиот премиер Рамуш Харадинај да се зголеми учеството на САД во процесот на дијалог меѓу Приштина и Белград. Како што Танјуг дознава од бриселски извори, пораката на ЕУ на косовскиот премиер е дека Косово мора […]

______________________________________________________________________________________________________

Ципрас: Македонска нација не постоела никогаш

Македонска нација не постоела никогаш, вели грчкиот премиер Алексис Ципрас за неделното издание на весникот „Етнос“, според порталот Њуз 24/7. Ципрас, во интервјуто што ќе биде објавено утре, како што објавува порталот во најавата, говори детално за прашањето за името, ги отвора картите за спорот меѓу двете земји, опишува какво име би прифатила грчката влада […]

______________________________________________________________________________________________________

Влезниците во Вараждин „пламнаа“ за миг, за 100 евра карта и превоз преку туристичка агенција

Репрезентацијата на Македонија во вториот круг на Европското првенство (ЕП) се сели во Вараждин, во далеку помала сала од „Арена“, па така, влезниците за втората фаза се веќе распродадени. Барем според понудените информации на интернет-страницата „Улазнице“, каде се продаваат карти за натпреварите на ЕП. За сите три дена од втората фаза на ЕП кои се […]

______________________________________________________________________________________________________

Бела гулабица леташе на ковчегот на Оливер Ивановиќ

Освен пријателите, роднините и неколкуте илјади граѓани, од Оливер Ивановиќ се простија и неговите колеги од политиката, како и бројни јавни личности од светот на спортот и културата во Србија. -Погледни како цело време кружи околу ковчегот…Дали е ова можно? Тоа мора да е некој знак од Бога, и рече една постара жена на пријателката […]

______________________________________________________________________________________________________

Синот на Љубе Бошкоски го фати крстот во Хрватска

Филип, синот на Љубе Бошкоски го фати крстот за Водици во Перој, Хрватска, објави А1 он. По крстот во Јадранското Море, освен Филип, кој беше единствениот Македонец, скокаа Руси, Срби, Црногорци, Хрвати и Бугари. Перој во Истра е единственото православно место во Хрватска, а фрлањето крст во морето за Водици е долгогодишна традиција. Тука по […]

______________________________________________________________________________________________________

„Северна Македонија“, „Горна Македонија“, „Нова Македонија“, „Вардарска Македонија“

Главниот уредник на Realnews, кој тврди дека информацијата ја добил од доброупатени извори, пишува и за пропратните решенија кои Нимиц ги претставил пред претставниците од двете земји. – Информацијата вели дека најмалку две од трите имиња се на кирилица, без можност за транскрипција на англиски. Тоа ја оправдува силната реакција и скептицизмот на Скопје за […]

______________________________________________________________________________________________________

Бугарската Влада го усвои Меморандумот за поевтин роаминг со Македонија

Бугарската Влада денеска го усвои Меморандумот меѓу владите на Македонија и Бугарија за намалување на меѓународните тарифи за роаминг во телекомуникациските услуги, соопшти прес службата на бугарската Влада. Меморандумот на заедничката седница во Струмица, на 23 ноември минатата година, го потпишаа министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, и бугарскиот министер за транспорт и […]

______________________________________________________________________________________________________

Моја нога на Косово веќе нема да стапне: Исповед на сопругата на Оливер Ивановиќ

„Завршивме со Косово, веќе никогаш нема таму да се вратиме“ – ова го порача Милена Ивановиќ, сопругата на убиениот Оливер Ивановиќ, која вчера, во поворката на тагата, со посмртните останки на лидерот на косовските Срби, пристигна во Блеград. Селедејќи го сопругот до неговиот вечен дом, Милена рекла дека нејзиниот син и таа немаат повеќе што […]

______________________________________________________________________________________________________

Ликвидиран шефот на грчката мафија – Го изрешетале со 22 куршуми од калашников

Убиство на познато лице од грчкото подземје ја стави на голема мака полицијата на јужниот сосед, пишуваат локалните медиуми. Доцна синоќа на булевар Атинон во населбата Хајдари во Атина, каде што се наоѓаат канцелариите на компанијата на убиениот, двајца мажи со мотор го пресретнале автомобилот во кој се наоѓал Василис Стефанакос. Во него пукале од калашников, а […]

______________________________________________________________________________________________________

Бугарското Собрание го ратификуваше договорот со Македонија

Националното собрание во Бугарија едногласно го ратификуваше Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија. Во салата присуствуваше и македонскиот амбасадор во Бугарија, Маријан Ѓорчев, пренесуваат бугарските медиуми. На прво гласање, законот беше усвоен едногласно од страна на 182-ца пратеници, а на второ беше поддржан од сите 186 пратеници. Во понеделникот, […]

______________________________________________________________________________________________________

Погреб на Оливер Ивановиќ – Голем човек си заминува!

Убиството на Оливер Ивановиќ внесе тага и немир кај граѓаните на косовска Митровица овие неколку дена. Сите се едногласни во едно, заминува човек кој со својата политика остави траен белег меѓу косовските Срби. Жителите на косовска Митровица не ја кријат болката и тагата. -Тешка е оваа болка за секој Србин. Голем човек си заминува. Ова […]

______________________________________________________________________________________________________

Русија: Изјавите на Рама за Закон за јазиците носат нови судири на Балканот

Неодамнешните изјави на албанскиот премиер Еди Рама за Србија во контекст на Косово и на Македонија, се полни со нешто што може да предизвика нови етнички судири на Балканот и да загрози интегритет на повеќе држави во регионот, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Русија. – Се фокусиравме на изјавите на албанскиот премиер Еди […]

______________________________________________________________________________________________________

Србија нема да учестува во дијалогот со Косово се додека не се расветли убиството на Ивановиќ

Србија одлучи да се повлече од дијалогот со Косово се додека не се реши убиствотото на Оливер Ивановиќ. Прво одговори, па продолжување на преговорите во Брисел порача директорот на канцеларијата во КиМ.Во меѓувреме, косовските власти ја отфрлија можноста Белград да биде вклучен во истрагата за убиството на српскиот политичар во Косово. Лидерот на граганската иницијатива […]

______________________________________________________________________________________________________

Откриен сопственикот на изгореното возило пронајдено по убиството на Ивановиќ

Косовската полиција го идентификуваше сопственикот на запаленото возило пронајдено во Косовска Митровица по убиството на лидерот на Граѓанската иницијатива СДП, Оливер Ивановиќ, изјави регионалниот шеф на косовската полиција, Жељко Бојиќ. Тој за агенцијата „Бета“ вели дека се работи со полна пареа и дека е формиран специјален тим кој се занимава исклучиво со истрагата за вчерашното […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1