Archive | Балкан RSS feed for this section

Бугарското Собрание го ратификуваше договорот со Македонија

Националното собрание во Бугарија едногласно го ратификуваше Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија. Во салата присуствуваше и македонскиот амбасадор во Бугарија, Маријан Ѓорчев, пренесуваат бугарските медиуми. На прво гласање, законот беше усвоен едногласно од страна на 182-ца пратеници, а на второ беше поддржан од сите 186 пратеници. Во понеделникот, […]

______________________________________________________________________________________________________

Погреб на Оливер Ивановиќ – Голем човек си заминува!

Убиството на Оливер Ивановиќ внесе тага и немир кај граѓаните на косовска Митровица овие неколку дена. Сите се едногласни во едно, заминува човек кој со својата политика остави траен белег меѓу косовските Срби. Жителите на косовска Митровица не ја кријат болката и тагата. -Тешка е оваа болка за секој Србин. Голем човек си заминува. Ова […]

______________________________________________________________________________________________________

Русија: Изјавите на Рама за Закон за јазиците носат нови судири на Балканот

Неодамнешните изјави на албанскиот премиер Еди Рама за Србија во контекст на Косово и на Македонија, се полни со нешто што може да предизвика нови етнички судири на Балканот и да загрози интегритет на повеќе држави во регионот, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Русија. – Се фокусиравме на изјавите на албанскиот премиер Еди […]

______________________________________________________________________________________________________

Србија нема да учестува во дијалогот со Косово се додека не се расветли убиството на Ивановиќ

Србија одлучи да се повлече од дијалогот со Косово се додека не се реши убиствотото на Оливер Ивановиќ. Прво одговори, па продолжување на преговорите во Брисел порача директорот на канцеларијата во КиМ.Во меѓувреме, косовските власти ја отфрлија можноста Белград да биде вклучен во истрагата за убиството на српскиот политичар во Косово. Лидерот на граганската иницијатива […]

______________________________________________________________________________________________________

Откриен сопственикот на изгореното возило пронајдено по убиството на Ивановиќ

Косовската полиција го идентификуваше сопственикот на запаленото возило пронајдено во Косовска Митровица по убиството на лидерот на Граѓанската иницијатива СДП, Оливер Ивановиќ, изјави регионалниот шеф на косовската полиција, Жељко Бојиќ. Тој за агенцијата „Бета“ вели дека се работи со полна пареа и дека е формиран специјален тим кој се занимава исклучиво со истрагата за вчерашното […]

______________________________________________________________________________________________________

Две камери го снимиле убиството на Оливер Ивановиќ?

Како што пишува српскиот Блиц, на партиските простории имало две камери за видео надзор кои, најверојатно го забележале моментот кога е убиен Оливер Ивановиќ, лидерот на Граѓанската иницијатива СДП во Косовска Митровица, кој утринава беше застрелан од непознати лица, по што почина во болница. Ивановиќ се сметаше за умерен лидер на косовските Срби, а атентатот […]

______________________________________________________________________________________________________

Потресна исповед на сопругата на Оливер: Знам кој го изврши убиството, но тука не е крајот

Оливер и јас се и сешто проживеавме, а тие кои го направија ова мора да знаат дека ова нема да заврши туку така, порачала сопругата на Оливер Ивановиќ. Милена Ивановиќ веста за смртта на својот сопруг не можеше да ја дочека на нозе, паднала во несвест откако лекарите и ја соопштиле најстрашната вест, но таа […]

______________________________________________________________________________________________________

Харадинај се огласи за убиството на Оливер Ивановиќ

Тој по состанокот на националниот совет за безбедност, на кој, како што потврдил бил посветен на убиството на Ивановиќ, го осудил секој обид ова злосторство да се искористи во политички цели. На косовскиот совет за национална безбедност е констатирано дека ова убиство е изолиран случај и дека ситуацијата на Косово е стабилна. Обдукцијата покажа дека […]

______________________________________________________________________________________________________

„Македонија е грчка“, членови на „Златна зора“ насилно упаднаа во општинската зграда на Солун

Припадници на „Златна зора” вчера упаднаа насилно во зградата на општината на Солун и извикуваа „Македонија е грчка”. Тие извикуваа навреди против Македонија и фрлаа летоци во салата на општината за време на одржување на седница. Меѓу приврзаниците на „Златна зора“ кои влегоа во општинската зграда, двајца се и пратеници во грчкиот парламент, јавија грчки […]

______________________________________________________________________________________________________

Страшно пророштво на Мајка Исидора: Катастрофа доаѓа, нешто страшно ќе се случи во Ерусалим!

Мајка Исидора од манастирот Сисојевац во Парачин во 2001. година претскажала за времето кое доаѓа. Нејзината приказна е актуелна и по повеќе од десет години. Таа предвидела и предупредила на многу лоши случувања. Таа објаснила дека “ништо не е важно, важен е само Бог”. Така, Мајка Исидора предвидела катастрофа поради која нема да има живот […]

______________________________________________________________________________________________________

Снимен убиецот на Оливер Ивановиќ? Камерите го забележале убиството во Косовска Митровица

Над просториите на партијата Граѓанска иницијатива „Србија, демократија, правда“ во Косовска Митровица стојат две камери за видео надзор кои најверојатно го забележале моментот, кога е убиен лидерот Оливер Ивановиќ, изјави извор за српски Блиц. Недалеку од таму, поточно на километар и нешто, полицијата пронајде запалено возило марка опел астра со кое убиецот, најверојатно побегнал од […]

______________________________________________________________________________________________________

Кој беше убиениот лидер на косовските Срби Оливер Ивановиќ

Оливер Ивановиќ е роден во 1953 година во косовското село Рзниќ. Неговиот политички ангажман почнал во 1999 година, кога на повик на своите соседи Срби кои сметале дека „знае да разговара со странците“ се вклучил во локалниот политички живот во Косовска Митровица. Ал џезира Балканс пишува дека Ивановиќ наскоро станал еден од клучните луѓе на […]

______________________________________________________________________________________________________

За смртта на својот братучед дозна во емисија во живо

Новинар, водител и писател Вања Булиќ утрово доживеал шок во една телевизиска емисија во која гостувал и тогаш му била соопштена веста дека во Косовска Митровица е пукано во Оливер Ивановиќ. Имено, Булиќ во емисијата објаснил дека Ивановиќ му е братучед од тетка. – Мојата мајка, и неговата мајка се сестри… Мојата мајка е од […]

______________________________________________________________________________________________________

Овој датум не е случаен: Оливер Ивановиќ убиен точно на годишнината од убиството на неговиот голем пријател

Оливер Ивановиќ е убиен денеска во Косовска Митровица пред влезот на неговата канцеларија на истиот дека кога пред 4 години е убиен кандидадтот за гадоначалник на Северна Митровица и пријател на Иваниновиќ – Димитрије Јанчијевиќ. Јанчијевиќ е убиен на 35-годишна возраст, на 16. јануари 2014 година пред својот дом во Косовска Митровица. Во времето кога […]

______________________________________________________________________________________________________

Шешељ: Западните раузнавачки служби се виновни за убиството на Ивановиќ

Лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ ги обвини западните специјални служби за убиството на косовскиот српски политичар Оливер Ивановиќ. – Мислам дека убијците на Ивановиќ нема да бидат пронајдени, бидејќи сум сигурен оти во убиството се вмешани западните разузнавачки служби и тоа е почеток на нова американска иницијатива на Балканот, истакна Шешељ за руската […]

______________________________________________________________________________________________________

Истрагата за убиството на Ивановиќ ја водат Албанец и Србин

Главниот обвинител на Основното јавно обвинителство на Митровица, Шикири Сула, изјави дека обвинителството почнало истрага за убиството на Оливер Ивановиќ, лидер на партијата „Србија, демократија, правда“. Во истрагата се вклучени двајца обвинители,еден Албанец и еден Србин. – Истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ ја води екипа од двајцата обвинители на нашето обвинитество,Нијази Реџа и Јова […]

______________________________________________________________________________________________________

Косовската полиција нуди 10 илјади евра за информација околу убиството на Ивановиќ

Косовската полиција нуди награда од 10 илјади евра за понудена корисна информација поврзана со убиството на Оливер Ивановиќ. „Косовската полиција веднаш по трагичниот настан максимално е ангажирана во расветлувањето на убиството на Оливер Ивановиќ,што се случи на ул.„Сутјеска“ во севрниот дел на Митровица. Но, за што поитна идентификација на сторителите на овој криминален чин полицијата […]

______________________________________________________________________________________________________

Ивановиќ ќе биде погребан во Белград

Оливер Ивановиќ ќе биде најверојатно погребан во Белград, на барање на членови на неговото семејство, јави Танјуг повикувајќи се на извори блиски до семејството. Телото на Ивановиќ ќе и биде предадено на семејството по обдукцијата што денеска ќе се изврши во Клиничката болница во Косовска Митровица. Танјуг јави дека обдукцијата ќе биде извршена попладнево и […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1