Русија: Изјавите на Рама за Закон за јазиците носат нови судири на Балканот


Неодамнешните изјави на албанскиот премиер Еди Рама за Србија во контекст на Косово и на Македонија, се полни со нешто што може да предизвика нови етнички судири на Балканот и да загрози интегритет на повеќе држави во регионот, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Русија.

– Се фокусиравме на изјавите на албанскиот премиер Еди Рама од 14 јануари кои се однесуваат на вмешаноста на неговата Социјалистичка партија во процесот на формирање на ОВК и битките за Косово во соседна Србија, како и за придонесот на таа партија во процесот на усвојуавње на Законот за употреба на јазиците во Македонија, се вели во соопштение од руското МНР.

Официјлна Москва смета дека реториката на Рама покажува дека се работи на напредување на „ноторната“ тиранска платформа во чие настанување, како што се наведува, бил вклучен и лично Рама.

– Ставање во пракса на мерки потпишани во тој документ е преполно со она што поткопува уставни темели на македонската државност – Охридскиот договор, и како резултат на тоа донесува етнички немири во регионот. Сето тоа заедно оди во согласност со амбициите за голема Албанија и загрозува територијален интегритет на повеќе држави во регионот, оценува МНР на Русија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1