Снег на Стража, од вечерва се забранува сообраќај за товарни возила


Поради врнежи од снег, од 21,45 часот на планинскиот премин Стража и на патот кон Маврово се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила.

Според прогнозата, во вечерните и ноќните часови ќе дува засилен северен ветер и врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места, а во северозападните подрачја ќе има услови и во пониските делови.

На планините претежно на запад ќе има значително зголемување на снежната покривка, локално и над 30см, а ќе има и појава на снежни наноси. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1