Погреб на Оливер Ивановиќ – Голем човек си заминува!


Убиството на Оливер Ивановиќ внесе тага и немир кај граѓаните на косовска Митровица овие неколку дена.

Сите се едногласни во едно, заминува човек кој со својата политика остави траен белег меѓу косовските Срби.

Жителите на косовска Митровица не ја кријат болката и тагата.

-Тешка е оваа болка за секој Србин. Голем човек си заминува. Ова што ни се случи нас треба да ги загрижи сите луѓе на планетава. Тој многу значеше за овој град, вели еден од многуте граѓани кои дојдоа да му оддадат почит и последен поздрав на Ивановиќ.

Инаку тој е погребан во Белград.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1