Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Избодено момче во Кичево

Во Полициската станица Кичево, вчера околу 2:10 часот од страна на Медициснки центар-Кичево телефонски било пријавено дека кај нив бил донесен Џ.С.(19) од Кичево, со повреда од нож во вид на расекотина во пределот на слабината и левата надлактица, кој по укажаната лекарска помош бил пренесен во Медицински центар-Гостивар, од каде поради сериозноста на повредите […]

______________________________________________________________________________________________________

Струмичанец си ја претепал мајка си

СВР Струмица поднесе кривична пријава против лицето М.В. (40) од Струмица поради постоење основи на сомнение сторено кривично дело „телесна повреда“. На 18 мај годинава во 5:30 часот пријавениот, откако се довел во алкохолизирана состојба, започнал вербална расправија со неговата мајка по што и физички ја нападнал нанесувајќи и видливи телесни повреди.

______________________________________________________________________________________________________

Струмичанец со чекан ја удирал сопругата

СВР Струмица поднесе кривична пријава против лицето Р.Б. (76) од с.Свидовица поради постоење основи на сомнение сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 16. овој месец околу 05.30 часот пријавениот, по претходна вербална расправија, со чекан ја удрил својата сопруга, по што и физички ја нападнал, нанесувајќи и видливи телесни повреди.

______________________________________________________________________________________________________

Пукање во Куманово, рането младо момче префрлено на Клиника

Ноќва околу 02:20 часот во Oпштата болница во Куманово бил донесен А.Н.(26) од кумановското с.Никуштак. Тој имал повреда од огнено оружје во пределот на левата надколеница. По негово кажување повредата му била нанесена од страна на непознато лице, додека се движел пеш по патот с.Никуштак-с.Виштица. Поради карактерот на повредите со возило на Итната медицинска помош […]

______________________________________________________________________________________________________

Хрват пронајден мртов во автомобил во Скопје

Во Полицијата вчера околу 18,30 часот од страна на Итната медицинска помош било пријавено дека во Скопје на улицата „Орце Николов“, во патничко моторно возило „Шкода“ со скопски регистарски ознаки бил пронајден починат хрватскиот државјанин Тихомир Ч.(49). По наредба на Јавен обвинител, соопшти денеска МВР, телото на починатиот е предадено на обдукција.  

______________________________________________________________________________________________________

ТРАГЕДИЈА КАЈ КУМАНОВО: Еден брат загина, двајца тешко повредени

Едно лице почина, а други две се повредени во сообраќајната несреќа што се случи синоќа во 22.30 часот во кумановско Доброшане, соопшти МВР. Педесет и пет годишниот Горан С. од Куманово го загуби животот, а неговите двајца браќа се повредени, автомобилот „опел кадет“ со кумановски регистарски таблички кој се движел на магистралниот пат Свети Николе-Куманово […]

______________________________________________________________________________________________________

Кавадарци: Маж пронајден обесен во својот дом

Четириесет и две годишен кавадарчанец бил пронајден обесен утринава во неговиот дом во Кавадарци и за тоа била известена полициската станица од општа надлежност во овој град, потврди Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес. – Увидна екипа е на лице место и засега не можат да се кажат повеќе детали за случајот, рече Стојковска.

______________________________________________________________________________________________________

Четиригодишно дете тешко повредено во сообраќајка во струмичко

Автомобил „пасат“ со којшто управувал триесетгодишен жител на дојранското село Николиќ прегазил четиригодишно дете од Струмица. Несреќата се случила во четвртокот во 10.30 часот во струмичкото село Босилово. Детето се здобило со тешки телесни повреди и во бесознание е пренесено во КАРИЛ-Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Струмица.

______________________________________________________________________________________________________

Клиника за радиологија: Пацинетот кој предизвика инцидент немал закажано преглед преку „Мој термин“

ЈЗУ Универзитетска клиника за радиологија – Скопје соопшти дека И.И. кoj вчера го предизвика инцидентот во таа јавна здравствена установа, тој ден немало закажан преглед во Националниот систем за електронски евиденции во здравството „МојТермин“. Пациентот, стои во соопштението, веќе бил снимен во клиниката, а вчера требало да се изврши дополнително снимање на барање на докторот, […]

______________________________________________________________________________________________________

Голем грабеж во Велес – 2 милиони денари украдени од банкомат на Комерцијална

Непознат сторител од банкомат на Комерцијална банка украл над 2,5 милиони денари. Утрово во 4:30 часот во СВР Велес е пријавено дека непознат сторител со употреба на сила и подесен алат насилно ја отворил влезната врата од трговски објект лоциран на улица „Благој Ѓорев“ бр 96 во Велес, влегол внатре и со употреба на сила […]

______________________________________________________________________________________________________

Голема акција – кривични за познати странски инвеститори во Македонија

Полицијата во Пробиштип поднесе кривична пријава против П.А.М. (70) од Индија, управител во „Марко Б.В. Денхаг“ и на ДПТУ „Индоминералс Метал“ ДООЕЛ Пробиштип, К.М.(70) од Индија, управител во ДПТУ „Индоминералс Метал“ ДООЕЛ Пробиштип, М.Б. (42) од Лондон, управител во ДПТУ „Индоминералс Метал“ ДООЕЛ Пробиштип, Н.М. (67) од Индија управител во ДПТУ „Индоминералс Метал“ ДООЕЛ Пробиштип, […]

______________________________________________________________________________________________________

Мртво бебе најдено во куќа во Тетово

Вистинска трагедија ја потресе Македонија. Вчера во 1 часот и 40 минути во полиција во Тетово од Клиниката било пријавено дека починало бебе. Трагедијата се случила на улицата „Иво Лола Рибар“, во куќата сопственост на С.Р. каде била констатирана смрт на неколкумесечно бебе. Увид на местото на настанот извршила екипа од полицијата. Засега не е […]

______________________________________________________________________________________________________

Гостивар: Опожарена пекара и автомобил – вкупна штета од 20.000 евра

Вчеравечер околу 19:30 часот пријавен е пожар во подрумски-простории на објект (пекара), под маркетот „Кета“, лоциран на улица „Иво Лола Рибар“ во Гостивар, сопственост на 39-годишниот Б.Ј. од Чајле. Опожарена е пекарска опрема, работен инвентар, кој се користел во секојдневната работа,а вкупната материјална штета на опожареното и оштетеното, според сопственикот, се проценува на околу 15 […]

______________________________________________________________________________________________________

Претепан таксист, напаѓачите му го кршеле возилото со шипка

Неколу непознати маскирани лица ноќта кон средата претепале таксист и му го кршеле возилото со метална шипка. Нападот се случил околу 3,15 часот на улицата „Мирче Ацев“ во Скопје, додека триесет и тригодишниот таксист бил паркиран со своето возило. До неговото возило застанале две возила од кои излегле напаѓачите кои почнале да го удираат со […]

______________________________________________________________________________________________________

Турчин донесен починат во Поликлиника Драчево

Полицијата вчера околу пладне добила пријава дека во Поликлиниката Драчево било донесено починато лице. Утврдено е дека се работи за лицето Ш.Ш. (74) од Р.Турција. Од страна на лекар била констатирана смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Институт за судска медицина на обдукција.

______________________________________________________________________________________________________

Малолетник преживеал хорор на паркинг во општина Аеродром

Малолетник се соочил со хорор синоќа во 22 часот и 30 минути, на булеварот Видое Смилевски Бато во општина Аеродром. На паркинг, од страна на неколку засега непознати лица, му било извршено разбојништво на 17 годишен малолетник. Насилниците му одзеле златно ланче, откако му пришле од зад грб и го нападнале, без никаква причина. Македонската […]

______________________________________________________________________________________________________

Детали за синоќешната престрелка пред ресторанот „Фурна“

Едно лице е застрелано во престрелка која вчера околу 23 часот се сличила во близина на ресторанот Фурна во центарот на Скопје. Околу 22.05 час на ул. „М.Т.Гологанов“ бб на паркингот на ресторанот „Фурна“ лицето М.Ј. (1976 ) од Прилеп било застрелано од непознато лице во моментот кога сакало да го вклучи својот џип „ПМВ […]

______________________________________________________________________________________________________

Пукање и престрелка пред ресторанот „Фурна“ во Капиштец – рането едно лице

Вечерва пред рестарнот „Фурна“ во Капиштец дошло до престрелка меѓу засега непознати лица, од кои едно неофицијално е рането во нога. Засега МВР не излегува со информации, а увидот на екипите на крим техника е во тек, јавува Република Околу 22.05 час на ул М.Т.Гологанов ББ на паркингот од Фурна лицето М.Ј (1976 ) од […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1