09/06/2015 20:13
•
Posted by: MK News
Три лица загинаа во тешката сообраќајна несреќа што се случи попладнево во Куманово. Според првичните информации на СВР Куманово, автомобил „БМВ“, по 17 часот, движејќи се од населбата Бедиње кон Куманово, изгубил контрола, излетал од улицата „11 Ноември“, се превртел и паднал од мостот над автопатот по кој се движела цистерна. Во автомобилот биле четири лица […]
______________________________________________________________________________________________________
09/06/2015 16:20
•
Posted by: MK News
Триесет и петгодишната Н.Р. од тетовското село Нераште, вчера попладне околу 16 часот се самоубила со бесење, што го извршила во плевната до нивната куќа. Нејзиното безживотно тело го пронашла помладата сестра, која прва забележала што се случило и ги повикала другите за да ја извадат надвор од плевната. Јавен обвинител, екипа од СВР Тетово […]
______________________________________________________________________________________________________
08/06/2015 09:10
•
Posted by: MK News
Двајца од мигрантите се со тешки повреди на карлица и колено заради што од велешката болница се подготвуваа да ги префрлат на скопските клиники. Ниту еден од мигрантите не е во животно загрозувачка состојба. Лекарите интервенирале во текот на ноќта и санирале помали повреди. Останатите 16 мигранти во договор со полицијата ќе бидат пуштени од […]
______________________________________________________________________________________________________
06/06/2015 16:37
•
Posted by: MK News
Во полициската станица „Кисела Вода“ синоќа во 23:50 часот, И.П.(38) од Скопје пријавила дека завчера околу 14 часот од домот во непознат правец се оддалечила нејзината 14 годишна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопшти МВР.
______________________________________________________________________________________________________
05/06/2015 09:06
•
Posted by: MK News
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава за поранешен декан на Стоматолошкиот факултет од Скопје, поради сторени финансиски малверзации. Имено, деканот од 2010 до 2012 година, на некои специјализанти, од само нему познати причини, им го простил надоместокот за специјализацијата кој биле должни да го платат. На шестмина специјализанти од Стоматолошкиот […]
______________________________________________________________________________________________________
04/06/2015 12:43
•
Posted by: MK News
Шеснаесет годишно девојче од Гостивар вчера вечерта била донесена на Ургентното одделение во гостиварската болница откако се затрула со неутврдена количина средство за хигиена „Доместос“. -Девојката, која била во неконтактибилна состојба, половина час пред тоа во својот дом испила вакво средство и поради влошената здравствена состојба, а по укажаната лекарска помош, со медицинско возило итно е […]
______________________________________________________________________________________________________
04/06/2015 10:16
•
Posted by: MK News
Едно лице загина, а шестмина се повредени во сообраќајна несреќа која синоќа, половина час по полноќ се случила на улицата „Лазо Трповски“ во Скопје. Од полицијата за Курир велат дека во несреќата учествувале три автомобили, сите со скопски регистерски таблички, „Ауди“ управувано од 20-годишниот С.А., „Ровер“ кој го управувал Амир Б. (22) и автомобил „Сеат“ […]
______________________________________________________________________________________________________
03/06/2015 23:18
•
Posted by: MK News
Вечерва двајца пешаци се повредени откако на нив налетало возило додека поминувале на пешачки премин кај „Даре Џамбаз“ во Скопје. Според очевидци средовечен маж и жена на возраст околу 40 години биле прегазени од југо со скопски регистарски таблички. Според нивните изјави возачот возел многу брзо и удрил во лицата додека поминувале на пешачкиот премин. Полицијата […]
______________________________________________________________________________________________________
02/06/2015 09:14
•
Posted by: MK News
Во обид да му помогне на сопругот кој се нашол под трактор во движење и да го извлече и таа се нашла под него и се здобила со тешки повреди од кои подоцна починала во Демир Капија. Тракторот кој бил паркиран во дворот одеднаш се придвижил и со задното десно тркало го зафатил седумдесет годишниот Л.А. […]
______________________________________________________________________________________________________
01/06/2015 19:34
•
Posted by: MK News
Девојка со својот автомобил влета во фризерница во скопската населба Карпош. Несреќата се случила денеска, нешто пред 14 часот, на улицата Гиго Михајловски, позади Симпо во Карпош 1. Младата девојка која управуваше со автомобилот вели дека претходно автомобил удрил во задниот дел од нејзиното возило, пишува Република. Поради нејзиното неискуство и паниката таа свртела со воланот […]
______________________________________________________________________________________________________
30/05/2015 21:34
•
Posted by: MK News
На 29.05.2015 околу 22:30 часот во Скопје на ул.„Борис Сарафов“ наспроти „Геријатрија“, Е.Л.(1982) од Скопје, бил нападнат од страна на 2 засега непознати лица кои го удирале со бејзбол палки и нож. При нападот тој се здобил со тешки телесни повреди: скршеница на лакт и дланка констатирани во ГОБ „8-ми Септември“. СВР-Скопје превзема мерки за […]
______________________________________________________________________________________________________
30/05/2015 18:55
•
Posted by: MK News
Едно лице загина, а три се повредени во сообраќајна несреќа што се случи попладнево на патниот правец Гостивар – Кичево, пред превојот Стража, јавува Курир Во моментов сообраќајот на овој пaтен правец е во прекин и се очекува да започне увид што ќе го води јавен обвинител од Гостивар. Според првичните сознанија, сообраќајната несреќа се […]
______________________________________________________________________________________________________
30/05/2015 12:52
•
Posted by: MK News
Пожар го зафати прифатниот ценар Чичино село. Изгоре една од бараките.За среќа нема посериозно повредени, освен една жена која што вдишала чад и претрпела состојба на шок. Жената веднаш е префрлена во болница. објави порталот Република. Според првичните информации, пожарот избувнал од вклучена греалка, во една од собите на бараката, во која живеат десетици социјални […]
______________________________________________________________________________________________________
29/05/2015 13:30
•
Posted by: MK News
Во текот на вчерашниот ден околу 11:00 часот во Гостивар во просториите на ОЈО кај вработениот А.Л.(61) од Гостивар, ненајавено влегол Ш.М. од с.Равен, гостиварско и на вработените им упатил закани по живот. Додека на јавниот обвинител му се обратил со зборовите „Тебе ќе те чекам во кај с.Здуње и ќе те пукам“. Потоа излегол […]
______________________________________________________________________________________________________
29/05/2015 11:02
•
Posted by: MK News
Нерегистрирани лекови од Косово завршиле во кумановска аптека. Полицијата и инспекторите од Бирото за лекови заплениле повеќе од 500 прокриумчарени кутии. Голем дел од нив не се воопшто регистрирани во официјалниот регистар за лекови во земјата. Меѓу нив имало камагра и шпанска мушичка. 41-годишниот сопственик на аптеката заработил кривична пријава за недозволена трговија и криумчарење. […]
______________________________________________________________________________________________________
27/05/2015 19:14
•
Posted by: MK News
Огромна трагедијата се случи вчеравечер околу 19 часот на автопатот Неготино-Велес, на речиси два километри пред наплатната станица Градско. Загина млада мајка со своето 4-годишно дете. Канал 5 го објави идентитетот на жртвата, станува збор за 34-годишната Василка С. од Скопје. -До несреќата дојде кога автомобил Мазда 3 управуван од нејзиниот сопруг Г.С удри во […]
______________________________________________________________________________________________________
27/05/2015 11:51
•
Posted by: MK News
Триесет и четиригодишната скопјанка Василка С. и нејзиниот четиригодишен син загинаа вчеравечер во сообраќајка на автопатот Велес-Неготино. Во несреќата полесно е повреден нејзиниот сопруг, кој го возел автомобилот со кој патувало целото семејство. Несреќата се случи вчера околу 19 часот во непосредна близина на наплатната рампа кај Градско. Семејството патувало со автомобил „матиз“ и најверојатно […]
______________________________________________________________________________________________________
27/05/2015 09:21
•
Posted by: MK News
На автопатот Градско – Велес се случи тешка сообраќајна несреќа во загинале две лица, потврди МВР.Две лица меѓу кои едно 4 годишно дете го загубиле животот во страшната сообраќајна несреќа. Според сведоците на настанот автомобил налетал на две товарни возила, кои имале сообраќајна незгода и се наоѓале на коловозот. Возачот од непознати причини не ги видел […]
______________________________________________________________________________________________________