Archive | Црна хроника RSS feed for this section

40 годишен Тетовец остана без палец, му го одгриза куче

Четириесет годишниот В.З од Тетово останал без палецот на левата рака и се здобил со повеќе гризнувања по рацете, отакако вчера околу 15 часот бил нападнат од куче од расата „кангал“. -Инцидентот се случил на улицата „146“, во месноста „Горни арабат“ во Тетово, додека тетовецот се движел со своите деца кон семејната куќа. Наеднаш врз […]

______________________________________________________________________________________________________

На полицајка и донеле изгубен телефон – си го присвоила за себе

Секторот за внатрешни работи од Битола до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против полициска службеничка, вработена во полициска станица – Битола за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Пријавената во својство на полициски службеник во месец април  годинава од страна на граѓанин од Битола добила пронајден мобилен телефон, кој  и` бил неа  предаден. […]

______________________________________________________________________________________________________

17-годишно момче почина во сообраќајка во Скопје

Едно лице починало на пат кон Ургентниот центар, откако се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа.  – Несреќата се случила вчера во 11 часот и 30 минути на улицата „Јустинијан Први“, информира денеска МВР. Во несреќата учествувале патничките моторни возила „Рено Лагуна“ со скопски регистерски ознаки, управувано од А.Д.(48), „Форд Мондео“ со скопски регистерски ознаки, управувано […]

______________________________________________________________________________________________________

Исчезнаа две малолетнички во Куманово

Две тинејџерки на возраст од 16 и 17 години се пријавени како исчезнати во полициските станици во Куманово и во скопска Кисела Вода. Во Полициската станица во Куманово С.Н.(55) вчера пријавила дека на 18 овој месец од дома во непознат правец се одалечила нејзината 16 – годишна ќерка. Д.С (53) вчера во полициската станица Кисела […]

______________________________________________________________________________________________________

Параглајдерист од Израел загина во прилепско

Педесет и петгодишниот параглајдерист Рон Ашуан од Израел денеска го загуби животот кај прилепското село Врбоец. Според јавниот обвинител Мимоза Мрмеска, која заедно со полицијата врши увид на местото на несреќата, трагедијата се случила околу 13 часот кога група параглајдеристи вежбале за меѓународен натпревар кој треба да се одржи утре. – Параглајдеристот полетал од Крушево. […]

______________________________________________________________________________________________________

Загина 17 годишно дете на мотор во Драчево

Момче почина, а две девојки се повредени во тешка сообраќајка која се случила денеска во Драчево. Според првичните информации, во несреќата учествувале два автомобили и мотоцикл. Загинало момче, кое управувало со мотоциклот, седумнаесет годишниот Петар Ј. Несреќа се случила во скопската населба Драчево, на улицата „Јустинијан Први“ на раскрсницата со улицата кон село Батинци. Во […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанец загина при поставување кабли за видео надзор

Миодраг Н.(52) од Скопје вчера во 16:30 часот го загубил животот при изведување електричарски работи, пуштање електрични кабли за видео надзор во Гевгелија. Како што инфромира МВР, Миодраг Н. паднал од кран на висина од околу осум метри, а смртта ја констатирал лекар од итната медицинска помош. Извршен е увид на местото на настанот од […]

______________________________________________________________________________________________________

Седум повредени во несреќа во Куманово

Седум лица од кои едно потешко се повредени во сообраќајната несреќа што се случи денеска на улицата „Железничка“ меѓу касарната „Боро Менков“ и бензиската пумпа „Трготим“ во Куманово. Според информациите на СВР Куманово, во сообраќајката учествувале четири возила. Автомобилот „пасат“ со кумановски таблички се движел од Куманово кон периферијата на градот и претекнувал „мерцедес“ со […]

______________________________________________________________________________________________________

Тешка сообраќајка кај Радовиш – пожарникари се обидуваат да го извлечат возачот на брзата помош

Тешка сообраќајка се случила вечерва на патниот правец Штип  – Радовиш во близина на рудникот Бучим пренесуваат медиумите. во истата учествувале амбулантно возило и камион, пишува репортер.мк. Поради тежината на сударот возачот на амбулантното возило е приклештен во деформираната каросерија. На помош, на местото на несреќата пристигна возило на противпожарната служба, и се прават обиди да се извлече возачот […]

______________________________________________________________________________________________________

Кичевец порнографски снимки со малолетната девојка ги праќал на Вибер

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.А. (18) од Кичево. Пријавениот, во текот на септември, октомври и ноември 2014 година, со својот мобилен телефон снимил, зачувал а потоа дистрибуирал фотографии и видео материјал со порнографска содржина од неговата […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина и четвртото момче повредено во несреќата кај Куманово

Почина момчето кое во тешка состојба беше донесено на скопските клиники, по сообраќајката во близина на Куманово, при која на лице место починаа три момчиња. Момчињата со своето „Бе-Ем-Ве“ излетале од надвозникот кај „Бедињски Мост“ во близина на бензинската пумпа на Макпетрол најверојатно поради неприлагодена брзина и со возилото паднале на коловозната лента на автопатот кој води од […]

______________________________________________________________________________________________________

Инцидент во Демир Капија: Мигранти се боделе со мачети, има повредени!

Дваесетина мигранти од Сирија со мачети се тепале во центарот на Демир Капија. Во големиот инцидент има двајца полесно повредени, а еден мигрант кој е потешко повреден е пренесен со возило на Брза помош во велешката болница. Инцидентот настанал ткако две групи мигранти се сретнале и почнале да се удираат со велосипедите. Потоа еден од […]

______________________________________________________________________________________________________

Лажно собирала донации за полицајците од Куманово – се преставувала како сопруга на функционер во МВР

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.Ш. (39) поради постоење основано сомнение дека сторила две кривични дела – „измама“ и „лажно претставување“. На пријавената и е изречена превентивна мерка одземање патна исправа и еднаш неделно јавување во Основен суд Скопје. С.Ш. лажно претставувајќи се […]

______________________________________________________________________________________________________

Жена од Прилеп и девојче од Чаир пријавени за исчезнати

Жена од Прилеп и девојче од скопската населба Чаир биле пријавени за исчезнати. Педесетгодишната В.Т. од Прилеп во четртокот околу 18 часот рекла дека ќе оди на прошетка и не се вратила. Нејзиното исчезнување во прилепската полиција вчера го пријавил В.Т.(32) од Прилеп. Петнаесетгодишното девојче од Чаир исчезнало истиот ден околу 10 часот. Во четвртокот попладне околу […]

______________________________________________________________________________________________________

Починала од удар на гром – Најдена мртва жена во нива во Кумановско

Жител на кумановското село Младо Нагоричане во четвртокот попладне околу 18 часот пронашол мртва жена во неговата нива во селото. По идентификувањето утврдено е дека се работи за шеесет иосумгодишната Љиљана С. која во средата била пријавена за исчезната. Се претпоставува дека причина за смртта е удар на гром. Извршен е увид на местото на […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанец купувал телефони со картички на Американци

Скопјанец со банкарски податоци од платежни картички во сопственост на американски државјани купувал телефони на македонски интернет продажни места. Во периодот од мај до јануари годинава ги прибавил податоците од картичките и извршил девет успешни нелегални трансакции со четири фалсификувани платежни картички во вкупен износ од 104.439 денари и 13 неуспешни нелегални трансакции со четири […]

______________________________________________________________________________________________________

На кумановец му се слошило во автомобил, удрил во жардињера и починал

Кумановец починал во средата попладне откако му се слошило додека возел автомобил. Несреќата се случила попладнето околу 17.20 часот на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово. Додека педесет ипетгодишниот Зоран Ј. го возел својот автомобил „опел“, најверојатно му се слошило, удрил во жардињера и починал. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа на […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Гори автомобил во скопски Бутел

На социјална мрежа Фејсбук, поточно на Ѕидот на сообраќајниот срам се појавија слики на кои се гледа како гори автомобил. Според информациите автомобилот се наоѓа на раскрсница во населбата Бутел. Видеото може да го погледнете тука.

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1