Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Пациентка нападна доктор во Штип

По физичкиот нападат на лекар во тетовската болница, полицијата вчера интервенираше и во штипската клиничка болница. Пациентка од Кочани нападнала лекар во хирушкото одделение. Неофицијално,  како што пренесува Канал 77, причина за инцидентот бил презакажан термин за операција, за што пациентката била доцна информирана. -Тоа предизвикало револт кај жената која бесот го истурила на штипскиот […]

______________________________________________________________________________________________________

Воз смачка „Југо“ кај Драчево

Вчера околу 6:25 часот воз удрил во „Југо“ со скопски регистарски таблички, на патниот премин меѓу населбите Драчево и Јане Сандански. Од ударот со полесни телесни повреди се здобиле двајца браќа на возраст од 23 и од 28 години, кои најверојатно во тој момент сакале да ја преминат пругата кога возот удрил во нивниот автомобил. […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанец со украден автомобил ограбил пошта

Синоќа во Скопје, на ул.„Благоја Стефковски“ во пошта Маџари, од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба. Тој ја исекол решетките од задниот дел на поштата, при што е одземена метална каса-сеф и торбa со монети. Од страна на униформиран полициски службеник околу 04:30 часот забележано е товарно моторно возило„Фиат Фиорино Пикап“ со скопски […]

______________________________________________________________________________________________________

Претепан лекар во тетовската Клиничка болница

Лекар физички бил нападнат вчера во Клиничката болница во Тетово . Како што соопшти МВР, 46-годишниот М.Љ. од село Мала Речица вчера во 8,30 часот во ходник на хируршкото одделение,  го нападнал докторот З.С. и му нанел повреди на главата и телото.  Напаѓачот е приведен  

______________________________________________________________________________________________________

Охриѓани одгледувале марихуана во авто-кампот „Андон Дуков“

Полицијата откри 35 саксии со канабис сатива во авто-кампот „Андон-Дуков” во Охрид и поднесе кривична пријава против две лица.Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 1-ви јуни, при извршен претрес во близина на викенд куќа во авто-кампот „Андон Дуков” во Охрид, пронајдени биле 31 импровизирана саксија со вкупно 38 растенија од растението канабис сатива, […]

______________________________________________________________________________________________________

Бизарна смрт на битолски адвокат

Денеска на Светонеделските гробишта во Битола е погребан познатиот битолски адвокат М.Ѓ., кој почина доцна синоќа од бизарна смрт, на 54-годишна возраст пишува весникот „Нова Македонија“. Според обдукциониот наод на  одделението за судска медицина на Клиничката болница во Битола, M.Ѓ. починал од давање со парче месо. Според засега непотврдени  информации  битолскиот адвокат  синоќа во својот […]

______________________________________________________________________________________________________

Внимавајте: Лажни 50 евра се вртат во Македонија – со фалс пари купувале бензин

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.Л.(19), Д.Т.(21) и Б.А.(23) сите од Струмица поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 16.03.2014 година, првопријавениот откако ја обезбедил фалсификувана банкнота од 50 евра и по претходен договор со второ и трето обвинетиот се обиделе да купат гориво на бензинската пумпа во Струмица. Од […]

______________________________________________________________________________________________________

Скандал во АРМ: Старешина крадел куршуми и си правел свој арсенал – украл 6.300 куршуми

СВР Велес во соработка со надлежното обвинителство, поднесе кривична пријава против лицето А.Д.(41) од Куманово-вработен во АРМ како ракувач на магацин во издвоен објект (магацини на АРМ во село Отовица),  поради основи за сомнение дека сторил кривично дело „противзаконито располагање со доверено оружје“. Во периодот септември 2013 година – март 2014 година, пријавениот во повеќе […]

______________________________________________________________________________________________________

6 месеци затвор за телохранителот Ален Зекиров – за сообраќајка во која загина човек

Телохранителот Ален Зекиров (35) е осуден на шест месеци затвор за сообраќајката во која загина скопјанецот Симо Серафимовски во 2009 година. На Зекиров му се суди за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот откако со мотор го прегази  Серафимовски. Зекиров тврдеше дека е невин и изрази жалење до семејството на загинатиот. Според […]

______________________________________________________________________________________________________

Полнач за мобилен запали стан во Штип

Во штипската населба Сењак попладнево се случи пожар во гарсоњера во станбена зграда спроти спортската сала „Јордан Мијалков“. Во пожарот нема повредени. Чадот кој излегувал од станот го виделе соседите, кои веднаш се јавиле во противпожарната единица и на брзата помош. Огнот го зафатил креветот и постелнината, а очевидци велат дека станот бил спасен благодарение на […]

______________________________________________________________________________________________________

Две лица избодени на улица во Битола

Непознато лице синоќа околу 21:45 часот, на ул. „Солунска“ во Битола со остар предмет во пределот на стомакот ги прободел А.И.(37) и Ј.И.(38). Причината за нападот засега не е позната. Повредените се пренесени во Клиничката болница во Битола каде им се утврдени тешки телесни повреди и се задржани на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на […]

______________________________________________________________________________________________________

Снимил порно со малолетнички од Скопје и го објавил на фејсбук

Скопјанец ширел порнографски материјал со малолетници преку Фејсбук, соопшти полицијата. Д.Д. во период од 2012 до 2014 година во изнајмен стан во Скопје, во викендица во село Побожје, како и во хотел во Охрид и на локација во Кратово, откако снимил порнографски материјал со две малолетни лица од Скопје, ги пуштил до сите пријатели преку […]

______________________________________________________________________________________________________

Познат битолски актер доби 2 години затвор за измама

Познатиот битолски актер во Народниот театар од Битола, Сашо Огненовски, со неправосилна пресуда, од Основниот суд во Битола е осуден на две години затвор за кривично дело измама. Со пресудата на Основниот суд, Огненовски е задолжен да им ги врати парите на оштетените вработени во Народниот театар, кои ги имаше ангажирано како жиранти, а кои […]

______________________________________________________________________________________________________

Сообраќајка во Скопје – се преврте автомобил

Сообраќајка се случила рано утрово кај бензинската пумпа во индустриската зона во Скопје – објави А1 он. Во сообраќајката се превртел автомобил марка Сеат.Според очевидците причина за сообраќајката е преголема брзина, а возачот кој бил сам во автомобилот поминал со полесни повреди.  

______________________________________________________________________________________________________

Силувано 14 год девојче во тоалет во Клинички Центар – силувачот го запознала на Фејсбук

Вчера околу 20,40 часот во ПС-Аеродром Т.Ѓ.(1982) од Скопје, пријавила дека на 26/27.05.2014 година во времето од 13,30 до 02,00 часот од страна на две лица извршен е полов напад врз нејзината 14 годишна ќерка. Имено, според пријавата, на 27.05.2014 година во 13,30 часот, лице (кое оштетената го запознала на „Фејсбук“) дошол во Основното училиште (каде што […]

______________________________________________________________________________________________________

Малолетно девојче вечерва се обидело да се убие во Драчево

Малолетно девојче вечерва во скопско Драчево се обидело да си го одземе животот пиејќи отровна течност, јавува А1 он повикувјаќи се на очевидци. Според информациите на порталот, девојчето седело во паркот на градинката во населбата со своите другари кога ја испило отровната течност. Тие веднаш повикале Брза Помош, по што девојчето итно било префрлено на […]

______________________________________________________________________________________________________

Тешка сообраќајка во близина на Охрид – тројца повредени

Три лица се повредени од кои две потешко во тешката сообраќајна незгода што се случи доцна попладнево на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на Ново Село, пренесува OхридПрес.ком. Несреќата, како што пишува порталот,  се случила околу 17:00 часот и во неа учествувале два автомобили и едно товарно возило – камион. Повредените две лица […]

______________________________________________________________________________________________________

Возач удрил во далновод – загина девојка во Куманово

Гиљсен М. (24) од Куманово загина, а со тешки телесни повреди се здоби Ф.М. (21) во сообраќајната несреќа што се случи вчера половина час по полноќ на регионалниот пат Куманово-Липково во селото Оризари, соопшти полицијата. Ф.М. од Куманово кој управувал со „голфот“ изгубил контрола над возилото и удрил во далновод. Во незгодата на самото место […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1