Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Тепачка меѓу ученици албанци и македонци во медицинско „Панче Караѓозов“

Еден ученик од македонска националност и тројца ученици од албанска националност се степале утрово во дворот на средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ во Скопје. Причината за тепачката сè уште е непозната. Полицијата ги известила родителите на малолетниците за настанот во кој учествувале нивните деца. Се работи на целосно расветлување на случајот и причините поради кои […]

______________________________________________________________________________________________________

Украдени телевизор и монитор од ресторанот на починатиот пејач Дуле

Од министерството за внатрешни работи потврдуваат дека телевизор и монитор е пленот со кој келнерот во ресторанот на починатиот пејач Дуле заминал вчеравечер. МВР го привела М. Г., четириесет и едногодишен, за кој постои сомневање дека ја извршил кражбата. Тој,  вчеравечер околу 20 часот, насилно, со соодветен предмет е пробиена влезната врата, по што од ресторанот […]

______________________________________________________________________________________________________

Загина 12 годишно момче во Скопје – врз главата му паднал фудбалски гол

Дванаесетгодишниот скопјанец С.М. загина по фудбалска игра која ја играл синоќа околу 30 минути по полноќ. Според информациите до кои дојде „Курир“, момчето играло фудбал на игралиште под Кале, по што во еден момент се фатило за пречката од голот. Тогаш истиот паднал врз малолетникот. На помош на момчето веднаш притрчал неговиот татко, па го […]

______________________________________________________________________________________________________

Мајка ја терала ќерка си да питачи на Табановце

Мајка на 14-годишна тинејџерка доби кривична пријава бидејќи и дозволила на ќерка си да питачи на граничниот премин Табановце, и ја запоставила својата родителска должност, соопшти МВР. Р.С. (39) од Штип ќе одговара за кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лица“.

______________________________________________________________________________________________________

Пукање и бркотница на граничниот премин Блаце – уапсен Харун Хаџибулиќ

Харун Хаџибулиќ ноќеска е уапсен на граничниот премин Блаце, дознава Press24 од полициски извори. Според информациите, полицијата распишала потерница по Хаџибулиќ бидејќи по повеќе судски позиви тој не се јавил на одлежување на затворската казна. Беше осуден на 18 месеци затвор за помагање во убиството на Мирсад Криешторац кај Универзална сала во Скопје. Тој најголем […]

______________________________________________________________________________________________________

Браќа од Сарај грабнале скопјанка – Ја тепале и и барале 2.000 евра

СВР-Скопје со кривична пријава до надлежното ОЈО-Скопје ги предаде И.И. (37) и Н.И. (27) двајцата од с.Сарај – скопско, за сторено кривично дело „грабнување“. Во врска со тоа од страна на Истражен судија на првопријавениот му е одредена мерка притвор од 30 дена. Имено, делото  е извршено на тој начин што на 25.09.2013 година, околу […]

______________________________________________________________________________________________________

Оружен грабеж во Кам маркет

Доцна синоќа ограбен е Кам маркетот на улица „Џон Кенеди“ во Скопје. Маскирани и вооружени, двајцата разбојници од вработените изнудиле 30 илјади денари. Откако ги земале парите избегале во непознат правец. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите.

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Малолетник паднал со автомобил во ендек и испарил –

Утрово се случила тешка сообраќајна несреќа во скопско Батинци, пишува А1Он. Според порталот, очевидците тврдат дека несреќата ја предизвикало 13 годишно момче кое во алкохолизирана состојба беснеело низ улиците на селото и на крајот завршило во ендек. Полицијата и брзата помош веднаш пристигнале на местото на несреќата, но момчето не можеле да го пронајдат. Очевидците […]

______________________________________________________________________________________________________

Крадци ги испразниле канцелариите на Ракометната Федерација – не се знае дали украле документи

Просториите на Ракометната федерација на Македонија синоќа биле ограбени од непознати сторители. Во моментов, на лице место полициските органи вршат увид, поради што за момент работата во РФМ е оневозможена. По извршениот увид, се очекува и официјална информација за материјалната штета што е сторена, покрај тоа што е обиена влезната врата, пренесува Екипа.мк Според првичните […]

______________________________________________________________________________________________________

Куманоец ја нападнал инспекторката на УЈП и ги запалил документите

Даночна службеничка – самостоен даночен референт од Даночно одделение Куманово, при вршење на службените должности била спречена и физички нападната од даночен обврзник, јавува Нетпрес. Имено, службеничката која вршела достава на Опомени за неплатена радиодифузна такса на граѓани, била физички нападната од страна на даночниот обврзник, кој истовремено брутално и ги одземал и запалил службените […]

______________________________________________________________________________________________________

Запален автомобилот на директор од прилепскиот Тутунски комбинат

Возилото на директор на сектор во прилепскиот Тутунски комбинат, утрово бил запален во Прилеп. Додека пристигнала противпожарната единица, автомобилот целосно изгорел. Станува збор за 55-годишниот А.С. кој утринава остана без својот автомобил „форд“, откако непознато машко лице му го запалило автомобилот, јавува плусинфо . Според првичните информации од Прилеп, инцидентот се случил на улицата Јуриј […]

______________________________________________________________________________________________________

Кумановец си нашол кредитна картица – си купил телевизор

Kумановецот Т.А. (44) си купил телевизор со туѓа платежна картичка, соопшти МВР. Според полицијата, Т.А. во мај годинава пронашол изгубена картичка. Тој преку интернет-страница купил телевизор така што ги искористил податоците на картичката за да го плати. Kумановецот добил телевизор вреден околу 11.000 денари за колку што го оштетил сопственикот. Банката што ја издала картичката […]

______________________________________________________________________________________________________

Автомобил удри во пешак кај средното училиште ПТТ

Опел со скопски таблички удрил пешак во близина на средното ПТТ училиште во Скопје. Од полицијата засега немаат информации дали повредениот е ученик во училиштето, јавува Канал 5. Сообраќајната незгода се случила денеска околу 18.45 часот на булеварот Трета македонска ударна бригада. Опелот со скопски таблички удрил во пешакот кој бил на коловозот. Повредениот веднаш […]

______________________________________________________________________________________________________

Бик уби тетовец

Несреќа се случила вчера попладнето во тетовското село Ново Село. Според полициските информации, 73-годишниот Исмаили Јелатбари околу 17:30 влегол во сопствената штала, но бил нападнат од бик. Со тешки повреди старецот бил пренесен во тетовската болница, но лекарите можеле само да констатираат смрт, како последица од повредите на главата и телото. Телото на починатиот е […]

______________________________________________________________________________________________________

5 годишно дете се затруло со лекови – млада мајка од Скопје доби пријава за запоставување

Скопјанка си заработи кривична пријава поради запуштање и малтретирање на малолетно лице. Се работи за 26-годишната У.С. која е мајка на петгодишно дете родено во Белград, без пријавено раѓање и упис во МКР. Младата мајка  грубо ја запоставила својата родителска должност за грижа и воспитување на нејзиното малолетно дете, го малтретирала и го тепала и […]

______________________________________________________________________________________________________

Во Чешка уапсен уште еден осомничен во „Шпион“

Освен новинарот Зоран Божиновски, во акцијата Шпион полицијата има издадено меѓународна потерница и по уште двајца меѓу кои и Борислав Перков , 52- годишен велешанец. Тој денеска е уапсен во Чешка, а во понеделник чешкиот суд ќе треба да донесе одлука дали ќе постапи по барањето за екстрадиција во Македонија или ќе му биде одреден […]

______________________________________________________________________________________________________

Си присвоил пари за пензии – Поштар лажел дека му ги украле парите

Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 46-годишниот Ј.Д. за „затајување“. Според податоците од МВР, пријавениот во текот на јули годинава, во својство на поштар вработен во АД Македонска Пошта – Подружница ЦРПС Скопје 1 Скопје ЕПМ 1060 Ѓорче Петров, противправно си присвоил парични средства кои му биле доверени, а кои требало […]

______________________________________________________________________________________________________

Распишана меѓународна потерница по Зоран Божиновски

МВР на барање на Судот распиша меѓународна потерница за тројцата осомничени во случајот Шпион. На сите тројца Истражниот судија им одреди мерка притвор во отсуство. Меѓу нив е и уредникот на порталот Буревесник, Зоран Божиновски. Тој преку социјалните мрежи рече дека нема сам да се предаде и дека ќе чека да биде екстрадиран од земјата […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1