20/09/2013 14:36
•
Posted by: MK News
Последното продолжение на истрагата против таканаречената „Франкфурт мафија“ заедно со германските служби го реализиравме во периодот од Септември 2012 до Септември 2013 година, при што беа обезбедени докази и беа лишени од слобода лица, припадници на организирани криминални групи, кои организирале улично дилерство на препродавачи на дрога на нарко зависници на подрачјето на градот Франкфурт […]
______________________________________________________________________________________________________
20/09/2013 12:48
•
Posted by: MK News
Експерт за обдукција претпладнево оцени дека откопаните коски кои беа пронајдени при копањето за изградба на зграда во Гостивар, се од најмалку двајца луѓе и се стари најмалку половина век. Коските, вчера ги открил машинистот Х.И. (55) додека копал со багер темели за зградата која треба да се гради. Кога ги забележал коските, тој веднаш […]
______________________________________________________________________________________________________
20/09/2013 09:00
•
Posted by: MK News
Над 50 лица се апсени во најновото продолжение на акцијата Диригент. Најголем дел од приведените се уапсени во Германија. Од нив 190 се македонци. Во земјава се приведени 12мина, еден веќе одлежува затворска казна а полицијата трага уште по три лица. МВР се сомнева дека 6мина од приведените биле директно вклучени во трговија со дрога. 10 […]
______________________________________________________________________________________________________
19/09/2013 14:50
•
Posted by: MK News
Полициите имаат сомневање за инволвираност во шверц со дрога за над 50 лица. Шеснаесет од нив живеат во Македонија, а приведени се 12. Едно од лицата е веќе во затвор, а по три македонската полиција се уште трага, јавува Курир. Во Германија, поточно Франкфурт, уапсени се над 35 лица за кои досега има потврда дека 19 […]
______________________________________________________________________________________________________
19/09/2013 11:41
•
Posted by: MK News
Охриѓанец починал откако пријателот му дал малку од неговата метадонска терапија. Според информациите од охридската полиција, 35-годишниот П.И. од Струга, кој е лекуван наркозависник и корисник на метадонска терапија му дал на својот пријател 25-годишниот О.Б. од Охрид, кој починал откако примил метадон. Настанот се случил во домот на сега починатиот кој побарал метадон. П.И. на […]
______________________________________________________________________________________________________
19/09/2013 09:39
•
Posted by: MK News
Лица кои се занимавале со трговија со дрога и перење пари се апсат во големата полициска акција што во моментов координирано се спроведува во Македонија и Германија. Според првичните неофицијални информации, приведени се повеќе лица во повеќе градови низ земјава и Германија под сомневање дека вршеле незаконска трговија со дрога и перење пари, по што […]
______________________________________________________________________________________________________
19/09/2013 09:35
•
Posted by: MK News
Девојка од Скопје наседнала на убедувањата на гостиварка дека ќе ја спаси од влијанието на црна магија за што ~ давала злато и пари. Случајот е пријавен во гостиварската полиција, од каде што најавуваат кривична пријава за измама. Според СВР Тетово, скопјанката М.Р. (25) во полиција пријавила дека Џ.Х. (33) неколкупати зела пари, златен накит […]
______________________________________________________________________________________________________
18/09/2013 15:02
•
Posted by: MK News
Петгодишно дете од селото Света Петка починало денес откако паднало од паркиран камион. Според првичните информации од полицијата момчето паднало од камионот на местото викано „Кула“ во скопското село Пуста Брезница. Во полицијата случајот бил пријавен во 12:45 часот од градската болница „Св. Наум Охридски“ од каде било соопштено дека малото момче е починато. Полицискиот […]
______________________________________________________________________________________________________
18/09/2013 11:50
•
Posted by: MK News
Маскирано лице вооружено со нож синоќа го ограбило маркетот „Тедико“ во скопски Карпош 4. Супермаркетот „Тедико“ на улицата Разловечко востание во населбата Карпош 4 вчера, околу 21.30 часот бил мета на разбојник. Маскирано лице со закана со нож од вработените успеало да одземе 12.000 денари и да побегне. Истиот маркет и во декември минатата година […]
______________________________________________________________________________________________________
18/09/2013 11:42
•
Posted by: MK News
Полициската станица во Прилеп поднесе кривична пријава против Т.К.(33) од Прилеп за сторено кривично дело „затајување“. На 27.08.2013 година, откако на пријавената вработена како книговодител во „Котекс“ ДООЕЛ и биле доверени 253.000 денари за исплата на плата и други надоместоци за вработените и фирмата, истата си ги присвоила за сопствени потреби.
______________________________________________________________________________________________________
17/09/2013 15:35
•
Posted by: MK News
Разни документи, 481 CD-a, 1.095 парчиња муниција, мемориски уреди, оружје, сим катички, видео снимки, детектор за прислишување се само дел од предметите кои полицијта ги пронајде при претресите во 30-те објекти на осомничните од акцијата „Шпион“.
______________________________________________________________________________________________________
16/09/2013 19:53
•
Posted by: MK News
Марјан Маџоски шефот на кабинет на претседателот на Собранието, режисерот на Еднооки Борис Дамовски, екс командатот на лавовите Горан Стојков, Ване Цветанов поранешен директор на Управата за спречување перење пари-луѓе од политичкиот и јавен живот, се дел од најновата акција на МВР наречена „Шпион“. Меѓу оние кои се теретат дека работеле против државата и оддавале […]
______________________________________________________________________________________________________
16/09/2013 10:36
•
Posted by: MK News
Млад таксист од Скопје кој си заработи кривична пријава за кражба откако украл мобилен телефон од патничка која ја возел. Станува збор за 23 годишниот скопјанец И.И. кој “на диво“ превезувал патници. Тој, како што информираат од полицијата, го украл телефонот од 20 годишната З.А. додека таа излегувала од неговото возило. Итриот крадец, го искористил нејзиното […]
______________________________________________________________________________________________________
15/09/2013 21:51
•
Posted by: MK News
Двајца полицајци биле полесно повредени во сообраќајната незгода што денеска околу 14 часот се случила на автопатот Гостивар-Тетово, во близина на наплатната рампа пред влезот во Тетово, информираше советничката за односи со јавност при МВР, Марија Јаковлевска. Според нејзините првични информации, повредените со уште двајца свои колеги биле во полициско возило Опел Астра што било […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2013 20:43
•
Posted by: MK News
Десетгодишно дете се здобило со потешки повреди откако денеска нешто по 12 часот било прегазено од противпожарно возило што дошло да интервенира на пожар во тетовското село Чифлик, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски. – Детето било прегазено по завршувањето на интервенцијата додека противпожарното возило вртело покрај дрвен електричен столб при што со задниот […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2013 09:30
•
Posted by: MK News
Докторка од Стоматологија ќе остане и без лиценца и без работа. Правела заби и на клиника и во приватна ординација. Пациентите од стоматолошки клинички ги препракала во приватната здравствена установа каде повремено работела. Докторката вчера била фатена на дело од страна на инспектори на Државниот здравствен и санитарен инспекторат како правела протетика на пациент во […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2013 09:15
•
Posted by: MK News
21 годишниот И.Ј. ја запалил куќата на 45 годишен сограѓанин. Пироманот е во притвор. СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Ј.(21) од Битола за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“. На 26.08.2013 година, околу 04,00 часот во Битола на ул. „Цветан Димов“, пријавениот со палење на пластични шишиња и облека, предизвикал пожар во […]
______________________________________________________________________________________________________
13/09/2013 09:00
•
Posted by: MK News
Последниот случај за платено крвничко претепување на штипјанецот Д.И., ги вознемири штипјани. Денеска полицијата ги откри нарачателот и платеникот. Нарачателот, 62-годишниот П.В. е приведен, а платеникот е во бегство. – СВР Штип поднесе посебен извештај против Г.Д.(27) од Штип, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство во обид“ казниво по чл. 123 ст.2 т.4 […]
______________________________________________________________________________________________________