26/04/2013 09:45
•
Posted by: MK News
Вработен е под истрага дека зел 60.000 евра од прилепската пошта во период од една и пол година, а парите наводно ги трошел во обложувачници јави Дневник. Портпаролот на СВР Битола, Магдалена Димитриовска, потврди дека полицијата го истражува случајот во поштата во Прилеп и најави детали за наредните денови. на Д.K. од трезорот му недостигале околу […]
______________________________________________________________________________________________________
25/04/2013 17:45
•
Posted by: MK News
Б.В. од Велешта вчера во полициска станица пријавил дека во времето од 13 часот и 30 минути до 18 часот, на регионалниот пат Струга-Дебар, на излез од селото Велешта, непознат сторител пукал од огнено оружје, при што од проектилите е направено оштетување на автобус „неоплан“, паркиран на паркинг плацот на Туристичката Агенција „Расим Туризам“. Се […]
______________________________________________________________________________________________________
25/04/2013 15:44
•
Posted by: MK News
Триесетитри годишен дебарчанец, кој се заканувал на негова 29-годишна сограѓанка дека на интернет ќе објави нејзини компромитирачки фотографии ако таа не му плати 2.000 американски долари, заработи кривична пријава за уцена. Полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против 33-годишниот С.С. Тој пред извесно време од 29 годишна жителка на Дебар побарал да му плати […]
______________________________________________________________________________________________________
25/04/2013 15:16
•
Posted by: MK News
Железничка несреќа се случила утринава вчера утрината околу 9:45 часот на пругата Гостивар-Кичево во близина на селото Падалиште. Додека 34-годишната Д.Б. од истото село се симнувала од возоот истиот ненадјено почнал да се движи без машиновозачот да заележи дека има уште патници кои треба да се симнат. Жената паднала од возот и ја скршила десната […]
______________________________________________________________________________________________________
25/04/2013 15:14
•
Posted by: MK News
Рударот Даниел Велков (27) загина вчера во рудникот за олово и цинк „Саса“ кога во една од јамите управувал со локомотива на рударска композиција која се судрила со друга. Велков добил повреди на градниот кош и починал на самото место. Даниел Велков е од селото Kалиманци, кое е на половина пат помеѓу Виница и Македонска […]
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2013 19:46
•
Posted by: MK News
Попладнево сообраќајна несреќа во Ново Лисиче. Во несреќата учествуваа автомобил, мотор и велосипед. Возачот на моторот веднаш бил пренесен во болница, а повреден е и велосипедистот. Фотографии на kurir.mk
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2013 13:31
•
Posted by: MK News
Екс директорот на Македонската опера и балет, Кире Павлов му изнудувал пари. Како што дознава Press24 од полициски извори, скопјанец пријавил дека поранешниот директор на МОБ Кире Павлов заедно со уште две лица со закани по живот и безбедноста на неговото семејство се обиделе да му изнудат 15.000 евра. Како што дознава Press24 од полициски […]
______________________________________________________________________________________________________
20/04/2013 15:06
•
Posted by: MK News
Вчера, Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесе кривична пријава против З.Л. (28) од Скопје поради nеовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги , психотропни супстанци и прекурзори и напад на службено лице при вршење работи на безбедност. На скопјанецот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Од МВР информираат […]
______________________________________________________________________________________________________
19/04/2013 19:08
•
Posted by: MK News
Две девојчиња на возраст од 16 и 17 години биле жртви на обид за полов напад од страна на режисер вработен во Културниот дом во Тетово, дознава ТВКисс од тетовската полиција. Имено, на шеснаесетти месецов, околу 10. 30 часот во една канцеларија во културнииот дом Иљо Антески Смок Тетово, 55-годишниот тетовец ги повикал, а потоа […]
______________________________________________________________________________________________________
18/04/2013 15:49
•
Posted by: MK News
Поради основано сомнение дека сториле повеќе кривични дела како „„перење пари и други приноси од казниво дело“, „фалсисификување исправа“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“, поднесена е кривична пријава против шест лица од кои петмина се македонски државјани и еден државјанин на Република Словенија. Осомничените се јавуваат во […]
______________________________________________________________________________________________________
18/04/2013 12:55
•
Posted by: MK News
Жена била застрелана синоќа два часа по полноќ додека седела на гости кај соседите на улица „Брсјачка буна“ во скопската населба Шуто Оризари, соопшти МВР. Четири жени во 2.20 часот седеле во гостинската соба, сопственичката на куќата, нејзината ќерка, внуката и сосетката, кога непознато лице дошло до едно крило од вратата на терасата на гостинската […]
______________________________________________________________________________________________________
17/04/2013 20:11
•
Posted by: MK News
Две машки непознати лица попладнево околу 18 и 30 часот биле пронајдени, едниот спроти телевизија Канал 5, а вториот во паркот пред општина Кисела Вода, јави Курир. По извршениот полициски увид ќе биде утврден идентитетот на пронајдените починати мажи.
______________________________________________________________________________________________________
17/04/2013 19:37
•
Posted by: MK News
Шеесет и три годишната Марија Димитриевска од Скопје починала откако паднала од тераса од 4-ти кат. Инцидентот се случил денес околу 17 и 30 часот на улицата Анри Барбис кога Марија пружајќи алишта на терасата паднала од истата. Со тешки телесни повреди таа била пренесена во Градската општа болница каде подоцна им подлегнала на истите. […]
______________________________________________________________________________________________________
17/04/2013 11:11
•
Posted by: MK News
Полицијата трага по сторителите кои вчера доцна попладне запалиле возило на паркингот пред средното училиште „Зеф Љуш Марку“ во скопската населба Бутел. Неофицијално, се работи за возилото на 48-годишниот М.Р., инаку директор на училиштето. Според МВР, возилото било полеано со бензин, а потоа запалено. Не се познати ниту сторителите, ниту мотивите за инцидентот. Kanal 5
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2013 21:53
•
Posted by: MK News
Ноќеска околу 02,15 часот во с.Лешок-тетовско, маскирано лице влегло на бензинската пумпа „Еуро 92“ и со закана со пиштол извршило разбојништво над вработениот С.М.(33) од с.Жилче. При разбојништвото му ја одземал чанта во која имало околу 23.000 денари од дневниот промет. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2013 14:25
•
Posted by: MK News
Дваесет и двегодишен скопјанец е уапсен ноќеска на граничниот премин „Богородица” при обид да внесе во државава половина килограм хероин. Скопјанецот Ќ.А. доаѓал од Турција со редовна автобуска линија од Истанбул до Скопје. Автобусот пристигнал на граница околу 3.30 часот. Полициските службеници и цариниците извршиле претрес во автобусот и на патниците, при што било употребено […]
______________________________________________________________________________________________________
14/04/2013 19:06
•
Posted by: MK News
Полицијата уапси пет скопјани, меѓу кои и полицаец осомничени дека киднапирале и малтретирале 47 годишна скопјанка, пренесува Република. Уапсените се од Скопје на возраст од 28 до 57 години, а меѓу нив е и полицаец кој освен за грабнување се товари и за нанесување тешки повреди. Тие вчера околу 05:30 часот ја грабнале А.В. од […]
______________________________________________________________________________________________________
13/04/2013 13:46
•
Posted by: MK News
Патнички воз и локомотива од воз вчера во период од 5 минути биле каменувани на железничката станица Скопје-Север. Првиот инцидент се случил околу 16:45 часот кога 4-5 непознати лица каменувале локомотива од воз бр.68-601, кој сообраќал на релација фабрика Јегуновце – Трубарево. При каменувањето е скршено прозорско стакло од локомотива, а машиновозачот бил удрен во […]
______________________________________________________________________________________________________