Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Хаос во скопски хотел: Се сомневала дека момчето е внатре со друга – скопјанка направила хаос во хотел

Девојка која се сомневала дека момчето ја изневерува, во саботата направила хаос во хотел во Скопје. Таа побарала од вработените на рецепција да ја информираат дали момчето со кого била во врска престојува во една од собите на хотелот, но рецепционерите одбиле да одговорат на нејзините прашања, објавува Сител. Таа упорно барала да ја види […]

______________________________________________________________________________________________________

Во Обвинителството, физички нападнат полицаец

Во холот на Основно јавно обвинителство вчера околу 15 часот по кратка вербална расправија О.С.А.(54) од САД физички нападнал полициски службеник, информираат од МВР. Во 17:10 часот, од страна на полициски службеници лицето е приведено и задржано во Полициска станица Центар за понатамошна постапка.

______________________________________________________________________________________________________

Пожар во куќа во Скопје – шестчлено семејство било во неа

Околу 23 часот во Скопје на улица “Катлановска“, во куќата на 70-годишниот А.М. настанал пожар. Истиот бил изгаснат од страна на членови на семејството. Во моментот на пожарот во куќата престојувале шест члена од семејството, а за среќа нема повредени лица. Од пожарот предизвикано е оштетување на дел од фасадата. Извршен е увид на местото […]

______________________________________________________________________________________________________

Крушевчанец преку Фејсбук уценуван од Белгијка

Вчера во 10.00 часот во Полициската станица Крушево, триесет и четири годишен жител на Крушево пријавил дека на 3.овој месец, од страна на женско лице од Брисел, Белгија, добил неколку пораки со уценувачка содржина, кои му биле испратени од нејзиниот фејсбук профил. Таа го уценила дека доколку не уплати 200 евра до 10 часот преку […]

______________________________________________________________________________________________________

Бебе почина откако се оттргнало од рацете на баба му и паднало

Женско бебе на на 14-месечна возраст вчера починало во приватна болница во Скопје, каде било пренесено откако паднало од височина од 2,5 метри. Бебето се оттргнало од рацете на бабата кога биле на меѓуспрат во влез и преку прозорец паднало надвор. Задобило скршеници на черепот и крварење во мозокот и покрај интервенцијата во болницата, починало […]

______________________________________________________________________________________________________

Дете велосипедист повредено кај „Мајчин дом“

Во близина на „Мајчин дом“ патничко возило „Нисан микра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ж.(50) од Скопје, удрило во велосипед управуван од 12-годишно момче од Скопје. Од ударот детето се здобило со повреди и со возилото на возачот било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош. Увид на […]

______________________________________________________________________________________________________

Приведен тинејџерот што избоде 17-годишно момче на Рекорд

Денеска полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје го приведоа Б.Н. (15) од Скопје во врска со нападот на 17-годишниот З.Т. на автобуската постојка „Рекорд“ на ул. „ Димитрие Чуповски“ на 01.03.2018 година, соопшти МВР. Тој, заедно со Р.А. (18) од Скопје и К.Т. (18) од с.Љубин, скопско, физички го нападнале З.Т. и му […]

______________________________________________________________________________________________________

Две скопјанки каснати од куче на улицата „Патение Зографски“

Две скопјанки завчера околу 13 часот во два одделни случаи биле каснати од куче на улицата „Патение Зографски“ во скопската населба Водно. Како што информира МВР, првиот случај го пријавила Т.Н.(30) која посочила дека била нападната и касната од куче додека се движела на улица „Партение Зографски“ при што се здобила со повреда на десната […]

______________________________________________________________________________________________________

Самоубиството во Скопје: Згасна млад живот

Г.Д. роден 1996 година е лицето што утрово почина во Скопје откако падна од прозорец од шести кат во зграда на ул. „Бојмиа“. Смрт констатирала екипа на Итна медицинска помош. Полицијата изврши увид на местото на несреќата.

______________________________________________________________________________________________________

Босанец уценувал струмичанка -„уплати ми 2000 евра или ќе ги објавам фотографиите“

Полициската станица од општа надлежност Струмица поднесе кривична пријава против 27- годишниот М.В, државјанин на Босна и Херцеговина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена’’. М.В. во текот на декември 2017 година, преку профил на социјалната мрежа ,,Facebook’’, побарал од лице од Струмица да му испрати фотографии со интимна содржина. Откако оштетената […]

______________________________________________________________________________________________________

Момче избодено на Рекорд

З.Т. роден 2001 година денес околу 12:40 часот бил избоден со нож на автобуската постојка Рекорд, информираат од МВР. Момчето било нападнато од две лица и прободено со остар предмет во пределот на стомакот. Со возило на Итна медицинска помош е префрлен во ГОБ Св.Наум Охридски. Се работи на расчистување на случајот.

______________________________________________________________________________________________________

Беќир Асани нападнал полицајка кај Мавровка бидејќи пајак му ја кренал колата

Беќир Асани од ДУИ нападнал полицајка за време на сообраќајна контрола кај трговскиот центар Мавровка. Според информациите во полицскиот билтен, денеска околу 10 часот на крстосниците на булевар “Гоце Делчев” и улица “Филип Втори” во Скопје, при подигање на патничко моторно возило “Ланд ровер” со скопски регистарски ознаки со специјално возило “пајак”, од страна на […]

______________________________________________________________________________________________________

Советникот од Шутка заврши во притвор

Судот одреди 30 дена притвор за советникот на градоначалникот во општина Шуто Оризари кој зема мито од 1.000 евра за да легализира дивоградба. Кривичното дело за кое го товари обвинителтвото е примање награда за противзаконито влијание. „Осомничениот како вработен во општината Шуто Oризари на 27 јануари во службените простории на општината примил претходно договорена награда […]

______________________________________________________________________________________________________

Полицаец добил камен во лице на протестот за одбрана на името

Полицаец кој го обезбедувал седиштето на ЕУ во Скопје вечар бил повреден со камен од лице кое присуствувало на протестот организиран од Светски македонски конгрес и Македонските заедници во Европа. Кај едно лице биле пронајдени молотови коктели, а запалени биле и знамињата на Грција и Албанија. Како што соопштија од МВР, за време на вчерашниот […]

______________________________________________________________________________________________________

Еден загинат и двајца повредени во сообраќајка на патот Градско-Прилеп

МВР излезе со официјални детали околу тешката сообраќајка што утрово се случи на патот Градско – Прилеп. Денеска (28.02.2018) околу 10,10 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Волво“ со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од Ј.Г.(30) од Велес, и такси возило „Мерцедес“ со скопски регситарски […]

______________________________________________________________________________________________________

Гореше стан во Чаир – повреден пожарникар

Пожарникар од Бригадата за противпожарната заштита Скопје утринава бил повреден при гаснење пожар во стан во станбена зграда на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје. Пожарникарот Б.М., информираат од МВР, бил транспортиран во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, од каде во 03:55 часот ја информирале Единицата за информации и команда Скопје. Пожарот бил изгаснат. Се […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР ја потврди сообраќајката во која е повредена ќерката на Шенка Колозова и уште 5 други лица

Откако „Фокус“ објави дека во скопската населба Ѓорче Петров се случила сообраќајна несреќа во која е повредена ќерката на познатата актерка Шенка Колозова и уште петмина други, за случајот се огласија и од МВР. Според информации од полицијата, во 17.30 се случила сообраќајна незгода на надвозникот во населбата Ѓорче Петров во Скопје, во која учествувале […]

______________________________________________________________________________________________________

Пешакот во сообраќајката кај „Капитол“ почина, возачот приведен

Министерството за внатрешни работи денеска излезе со детали за сообраќајната несреќа што се случи вчера кај трговскиот центар „Капитол“ во која загина еден пешак, а возачот на автомобилот избега. Според МВР, сообраќајката се случила во 14:40 часот на булеварот „Јане Сандански“ кај трговскиот центар „Капитол“ кога возило „пежо“ управувано од 28-годишниот А.Р. удрило во 66-годишниот […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1