Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Тетовчанка ги пријави родителите за семејно насилство: И ја побарале платата па ја претепале

С.Џ.(24) од Тетово синоќа околу 22 часот пријавила дека нејзините родители извршиле семејно насилство врз неа. Во наведеното време, во нејзината соба влегла мајка и и побарала да и ја даде целата плата. Таа се спротивставила и тогаш мајка и почнала да ја влече за коса, а татко и неколку пати со тупаници ја удрил […]

______________________________________________________________________________________________________

Три жени од Скопје каснати од кучиња-скитници

Во Полициската станица Центар, вчера во 9:40 часот, В.Б.(48) од Скопје пријавила дека на завчера околу 12.20 часот додека се движела по ул. „Орце Николов“, била нападната од повеќе кучиња-скитници од кои едното ја гризнало за коленото од десната нога. По нападот, таа отишла во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде и била укажана лекарска […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина кавадарчанец кој во бессознание бил пронајден кај Олимпискиот базен во Скопје

Шеесет и шестгодишниот В.А. од Кавадарци кој вчера бил пронајден во бесознание во близина на Олимпискиот базен во Скопје, по што со Итна медицинска помош бил донесен во Ургентниот центар, починал и покрај сите обиди за реанимација. МВР информира дека телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.

______________________________________________________________________________________________________

Хорор во Кочани: Ја убил сопругата пред своите деца

По семејна расправија Б.А (54) од Кочани ноќеска ја убил својата сопруга Л.А. (44) пред своите две деца, а потоа скокајќи од покривот на семејната куќа се самоубил. Тој ја повредил и својата ќерка која се обидувала да и помогне на мајката. Смртта кај двете лица ја констатирале екипи на итната медицинска помош, а увид […]

______________________________________________________________________________________________________

Исчезнатиот 75-годишен беровчанец пронајден мртов

Беровчанецот Б.Б.(75), кој на 10 февруари беше пријавен за исчезнат, вчера во 09,00 часот е пронајден починат на улица „Дамјан Груев” во Берово. Од МВР соопштија дека е извршен увид на местото на настанот. Телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.

______________________________________________________________________________________________________

Им барала 400 евра за да ги вработи во Министерство за здравство

Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против 36-годишната Е.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела – “измама“, казниви по член 247 од Кривичниот законик на Република Македонија. Е.С. во периодот од јуни до август минатата година, лажно повикувајќи се на лица на […]

______________________________________________________________________________________________________

Пратеничката на СДСМ удрила во одрон, па возило се забило во неа – МВР со детали

Во 17 часот и 50 минути на патот Демир Капија-Удово, на местото викано „Маркова чешма“, се случила сообраќајна незгода во која се повредени две лица. Полицијата информира дека се работи за 33-годишната М.Л. од Валандово, која управувајќи патничко возило „Опел Корса“ со гевгелиски регистарски ознаки удрила во одрон од камења на коловозот. Веднаш потоа, 57-годишниот […]

______________________________________________________________________________________________________

Детали за сообраќајката: Тројца повредени откако автомобил се превртел на патот кон Маврово

Три лица се полесно повредени откако автомобил, утрово повеќе пати се превртел на регионалниот пат Гостивар-Маврови Анови во близина на месноста Бунец. Сообраќајот на местото на незгодата се одвива наизменично, до завршување на увидот. Врнежите од снег го отежнуваат сообраќајот во западниот дел од земјата. Од СВР Тетово информираат дека околу 11 часот, автомобил „опел-корса“ […]

______________________________________________________________________________________________________

Странец разменил фалсификувани 60.000 евра во Македонија

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „измама“ и „фалсификување пари“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 69-годишниот А.Р. од Грузија. Пријавениот, казнените дела ги сторил на седми ноември минатата година во една менувачница на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Тој, на вработениот во менувачницата му побарал да размени пари во […]

______________________________________________________________________________________________________

Кривична за лице кое на премиерот му се заканувало со ликвидација на Фејсбук

МВР соопшти дека ќе поднесе кривична пријава против лице кое на Фејсбук му се заканувало со убиство на премиерот Зоран Заев. Досега се детектирани шест кривични дела за закани кон претседател на Владата, тие се документирани, со соодветни известувања до Основното јавно обвинителство и обезбедени се наредби до социјалната мрежа Фејсбук. Секторот за компјутерски криминал […]

______________________________________________________________________________________________________

Влетал со својот џип на бензинска пумпа во Кисела вода – маж итно пренесен на клиника

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера во скопската населба Кисела вода. Според информациите на МВР, во 23,12 часот во Скопје, на улица „Христо Татарчев“ кај бензиската пумпа на „Макпетрол”, патничко моторно возило „Џип Митсубиши“ со скопски регистарски ознаки управуван од Ј.С.(41) удрил во вработен на бензиската пумпа В.С.(57) од Скопје. Во незгодата, В.С. се задобил […]

______________________________________________________________________________________________________

Бездомник пронајден починат кај Зелено пазарче

Повозорасен бездомник утрово е пронајден починат на плочникот кај месарницата пред Зелено пазарче во Скопје. Екипата на Плусинфо стаса во моментот кога од погребалното претпријатие „Бутел“ го подигаа телото на бездомникот. На местото имаше и полиција, како и лекар кој ја констатираше смрт. Пазарџиите коментираат дека го познавале бездомникот и дека тој речиси секојдневно се […]

______________________________________________________________________________________________________

Грабеж во банка во Скопје, украдени околу 100 илјади денари и 1.500 евра

Утрово во 8,50 часот било пријавено дека на улица “Благоја Стефковски“ во Скопје, во филијала на “Стопанска банка“ непознато лице маскирано и вооружено со пиштол, со закана од вработените одзел околу 100.000 денари и 1.500 евра. По ова, арамијата го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

______________________________________________________________________________________________________

Извлечени странски државјани заглавени во снегот на Галичник

Странски државјани со автомобил вчера заглавиле на патот од Маврово кон Галичник. Од Центарот за управување со кризи информираат дека лицата биле евакуирани и сместени на безбедно. „Вчера попладне на телефонска линија 195 се јавило лице странски државјанин, кој пријавил дека заедно со неговата сопруга со својот автомобил се движеле од Маврово кон село Галичник […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанец ја истепал поранешната девојка затоа што не сакала да има секс со него

Скопјанец ја претепал својата поранешна девојка затоа што не сакала да има секс со него. Инцидентот се случил вчера во Волково. Според информациите на МВР,  Е.С.(25) пријавила дека вчера околу 18,30 часот во село Волково била физички нападната од страна на нејзиното поранешно момче И.А. „Додека седеле во возилото на И.А. во еден момент тој […]

______________________________________________________________________________________________________

Продавачка од Скопје во болница – ја претепале и ограбиле

Во 21,00 часот вчера во полиција било пријавено дека во Скопје на улицата „Борис Сарафов“ во колонијална продавница четири непознати лица извршиле разбојништво врз вработената. На жената и нанеле телесна повреда, па и земале неутврдена сум пари од дневниот промет, пренесе полицијата. Од страна на екипа од Итна медицинска помош вработената била пренесена во Градската […]

______________________________________________________________________________________________________

СКОПЈЕ: Девојче тешко повредено откако таксист удри во неа

Вчера околу 15 часот во Скопје, на крстосницата на улица “Московска” со улица “Женевска” се случила сообраќајна несреќа. Како што информираат денеска од МВР, такси-возило “Фиат Линеа“ со скопски регистраски ознаки управувано од В.Б.(57) од Скопје, удрило во 15 годишно лице од Скопје. Од незгодата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, по што била […]

______________________________________________________________________________________________________

Странец пронајден мртов утрово на скопскиот аеродром

Педесет и две годишниот В.М. од Велика Британија околу 4 часот утринава бил пронајден мртов на скопскиот аеродром „Александар Велики“. Починатиот маж бил пронајден во тоалет од страна на обезбедувањето на аеродромот. Смртта била констатирана од страна на доктор од екипата за Итна медицинска помош. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1