Четворица повредени во тепачка на две фамилии за имот во Бутел


Четири лица се повредени во физичка пресметка што попладнево се случила на улицата „Бетовенова“ во скопската населба Бутел.

Како што информираат од МВР, пресметката се случила во 14,50 часот најверојатно поради нерасчистени имотно-првни односи помеѓу браќата Ј.И. и Ј.И. и нивниот зет за сестра Е.Д. од една страна и браќата Џ.Д. и А.Д. од друга страна.

– Ј.И. и Ј.И. и Е.Д. дошле пред куќата на Џ.Д. и настанала физичка пресметка. А.Д. кој во тој момент доаѓал со патничко моторно возило „Пасат“ и видел што се случива со возилото удрил во Ј.И. и Ј.И. и Е.Д, а потоа со пиштоп пукал два пати во воздух.Од ударот со возилото повредени се Ј.И. и Ј.И. и Е.Д, а од физичката пресметка повреден е Џ.Д. На местото на настанот е пронајден пиштол и две чаури, соопшти МВР.

Со возила на итна медицинска помош Џ.Д. е пренесен во Ургентен центар, Ј.И. во ГОБ „Свети Наум Охридски“, а Ј.И. и Е.Д. во ГОБ „8 Септември“, додека А.Д. е приведен во Полициската станица Чаир.

Полициски службеници, додаваат од МВР, веднаш по пријавата излегле на трен и преземаат мерки за расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1